Фото: Арбнора Мемети

Министерството за здравство информира согласно податоците од Инситутот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 2.024 тестирања, а регистрирани се 302 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-165, Велес-14, Куманово-13, Охрид-12, Кавадарци-12,Тетово-11, Дебар-8, Струмица- 6, Радовиш-6, Делчево-6, Гостивар-6, Штип-5, Прилеп-5, Битола-5, Демир Капија-4, Струга-3, Свети Николе-3, Кочани-3, Гевгелија-3, Неготино -2, Крива Паланка-2, Кратово-2, Кичево-2, Дојран-2, Ресен-1, Берово-1.

Регистрирани се 444 оздравени пациенти од: Скопје-219, Тетово-37, Гостивар-26, Куманово-21, Струмица-20, Кавадарци-16, Штип-14, Велес-14, Неготино-13, Прилеп-10, Гевгелија-8, Берово-6, Битола-5, Делчево-5, Кочани-4, Крушево-4, Свети Николе-3, Македонска Каменица-3, Охрид-2 , Дебар-2 , Крива Паланка-2, Виница-2, Демир Капија-2, Струга-1, Кичево-1, Радовиш-1, Македонски Брод-1, Богданци-1, Дојран-1.

Починати се 10 лица, пет пациенти од Скопје (83,75,82,70 и 47г), по еден од Струмица (67г), Струга (55г), Прилеп (61г), Охрид (85г) и Гостивар (51г). Девет пациенти се починати во болнички услови, еден пациент е починат во Дом за стари лица во Скопје.