Фото: Арбнора Мемети

Во последните 24 часа се направени 1.208 тестирања, а регистрирани се 234 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 99, Прилеп – 26, Кавадарци – 19, Куманово – 17, Струмица – 15, Неготино – 9, Тетово и Кочани – по 7, Гостивар – 6, Штип и Велес – по 5, Охрид и Гевгелија – по 4, Струга – 3, Виница – 2, Битола, Крива Паланка, Дебар, Делчево, Берово и Пробиштип – по 1, информираше Министерството за здравство.

Во болнички услови починати се 7 лица од кои по 2 пациенти од Скопје (68г – странец хоспитализиран во Скопје, 86г), 2 пациенти од Крушево (71г,71г), и по еден пациент од Тетово (62г), Прилеп (85г) и Пробиштип (71г).

Во изминатото деноноќие регистрирани се 274 оздравени пациенти од: Скопје – 138, Кавадарци – 33, Неготино – 19, Велес – 10, Крива Паланка и Ресен – по 8, Штип – 7, Куманово – 6, Тетово, Битола, Струмица, Делчево и Кратово – по 5, Гостивар, Гевгелија, Свети Николе и Валандово – по 3, Кочани, Кичево и Пробиштип – по 2, Берово и Богданци – по 1.

Во меѓувреме, бројот на слободни болнички кревети во ковид-центрите се намалува, а расте бројот на хоспитализирани пациенти изминативе денови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 103.020, а бројката на оздравени пациенти е 91.507. Починаа 3.144 лица, а бројот на активни случаи достигна 8.369.

Досега во земјата се направени вкупно 523.726 тестирања на ковид-19.