fbpx

„Ние можеме да кодираме“ обедини иницијатори на промени

-

Фондацијата „Метаморфозис“ во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа, на 17 октомври, го организирааше настанот „Ние можеме да кодираме“ (We Can Code) по повод Европската недела на кодирање, кој се одржа во просториите на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.

На средбата присуствуваа студенти, претприемачи, претставници на организации, како и претставници на универзитети, кои имаа можност да споделат искуства и да се запознаат со сите присутни. На отворањето присуствуваа доц. Висар Шеху од Универзитетот на Југоисточна Европа и Адријана Селмани, програмски асистент во Фондацијата „Метаморфозис“.

„Денес живееме во свет кој е под влијание на рапидниот развој на технологијата. Начинот на кој работиме, комуницираме, купуваме и размислуваме е драстично променет. За да ги прифатиме овие брзи промени и да го разбереме светот околу нас, ние не само што треба да го развиваме нашето знаење за тоа како функционира технологијата, туку и да развиваме вештини и можности, кои ќе ни помогнат да се адаптираме и да живееме во оваа ера“, велат од Фондацијата „Метаморфозис“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...