Дожд, засилен ветер, грмотевици, силно невреме денеска го зафати Скопје.

Невремето што трае повеќе од половина час предизвика чести прекини на електричната енергија, како и поплави.

Сообраќајот во градот се одвива отежнато. На прекини на електричната енергија се жалат жителите на Карпош, Аеродром и на Сопиште.