fbpx

Нема предлог за европски посредник за решавање на македонската криза

-

По шпекулациите изнесени во јавноста последниве денови дека комесарот Јоханес Хан би можел да испрати специјален претставник на Европската унија да помогне во решавањето на политичката криза во земјава, портпаролката Маја Коцијанчич за новинската агенција „Мета“ одлучно ги отфрла овие тврдења.

– Европската унија породолжува да биде многу силно ангажарана со сите политички лидери во поранешната југословенска Република Македонија за решавање на политичката криза. Ги користиме постоечките алатки на политичката на проширување, како и процесот на олеснување воден од европратениците и од комесарот Хан. Таму се наоѓа фокусот и поддршката на европската заложба. Могерини и Хан се во постојан контакт со земјите-членки и со други меѓународни организации. Нема предлог за назначување друго лице да се справи со ситуацијата во земјата – изјави Маја Коцијанчич за „Мета“.

Таа не беше во можност да потврди дали комесарот Хан доаѓа во Скопје за лидерската средба, иако дипломатски извори велат дека со сигурност тој ќе присуствува на средбата за да се продолжат стразбуршките преговори, во текот на кои, според истите извори, биле зачнати клучни прашања.

Според посредникот Иво Вајгл и лидерот на опозицијата, Европската унија би сакала да се реши македонската криза до почетокот на летото, но оваа информација, исто така, не може да се потврди од кабинетите на Хан и на Могерини.

Следниот совет на министри на ЕУ ќе се одржи на 22 јуни. Засега не е предвидено Македонија да биде дел од заклучоците, но ако се заостри ситуацијата, министрите, па дури и шефовите на држави и влади на самитот на крајот на јуни би можеле да одлучат да ја стават Македонија на својата агенда, што би било знак дека политичката криза се влошува, велат дипломатски извори во Брисел.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...