fbpx

Нема повредени во пожарот во Ист Гејт Мол

Според првичните информации, пожарот настанал во делот на рестораните каде се подготвува храна откако се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата

-

Во врска со пожарот кој се случи утринава во трговскиот центар „Ист Гејт Мол“ во 9.30 часот, од трговскиот центар информираат дека техничките заедно со пожарникарските служби на терен го локализирале пожарот и навремено го спречиле неговото ширење.

„Согласно утврдените процедури на трговскиот центар за ваков тип на ситуации
беа активирани системите за заштита од пожар и вработените во трговскиот центар беа евакуирани“, велат од Ист Гејт Мол.

Оттаму додаваат дека како резултат на навремената реакција на службите нема повредени лица ниту е причинета голема материјална штета.

„Настанот се случи во време кога трговскиот центар сè уште не е оперативен и нема посетители. Во моментов се врши увид за причините од страна на надлежните органи“, велат од трговскиот центар.

По завршување на увидот, трговскиот центар ќе продолжи со работа со редовно работно време.

Според првичните информации, пожарот настанал во делот на рестораните каде се подготвува храна откако се запалил вентилациски канал кој ја спроведува пареата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...