Нема да има санкции за лицата што ќе пријавуваат кривично дело за време на полициски час

-

По барањата на невладините организации да се направат исклучоци од санкции за жени и нивните деца кои го напуштаат домот поради закана и директен ризик од насилство, Министерството за внатрешни работи информираше дека на граѓаните нема да им е потребна посебна дозвола доколку сакаат да пријават кривично дело. Тоа може да го направат преку бесплатниот телефонски број 192 или во најблиската полициска станица.

„Ова ќе важи и за граѓаните на кои поради извршено насилство или друго кривично дело им е потребна помош во здравствена установа“ – велат од МВР.

Оттаму посочуваат дека институциите функционираат и по сите пријави за семејно насилство се постапува координирано со тимовите на центрите за социјална работа.

Станарите од опожарената зграда во Чаир не знаат кога ќе се вратат дома, бараат одговори од надлежните

Пожарот кој вчера ја зафати зградата на ул. „Прохор Пчински“ утрово беше изгаснат, но станарите сè уште немаат одговори во однос на тоа што го предизвикало пожарот, колкава е...