fbpx

Неколку илјади граѓани во Скопје маршираа за чист воздух

-

Со извикување на паролата „Сакаме да дишеме“ неколку илјади граѓани протестираа по скопските улици на потегот од Министерството за животна средина и просторно планирање, покрај Собранието до Владата во досега најпосетениот марш против загадувањето одржан во главниот град.

– Наведната глава сабја не ја сече е често начинот на кој се справуваме со проблемите, но овој проблем, колку и да веднеш глава, сепак ќе добиеш канцер на бели дробови. Овој проблем не се решава со купување на прочистувачи од 600 евра и со криење во оваа одвратна шампита – вели Јана Наскова од Fridays for future.

Од истото здружение порачаа дека ниту една влада до сега не го решила овој голем проблем и се додека не се реши, додека дишеме загаден воздух и додека во ОХИС седат закопани отровни хемикалии, ние ќе бидеме тука и ќе се бориме.

– Чекоревме против рудниците на смртта, но Иловица не е единствениот таков рудник. Време е да се каже стоп за сите рудници кои го загрозуваат нашето здравје – рече Крум Велков, еколошки активист од Струмица.

Централното барање на граѓанските здруженија до надлежните е решавање на најгорливите еколошки проблеми без одложување.

Барањата на „Зелената револуција“ се подредени во неколку клучни области, па така, меѓу другото се бара, забрана за увоз на гуми и друг отпад кој се гори како енергенс, забрана за откуп на старо железо, бакар, калај и друг метал кој се добива со палење на отпад што загадува, итно донесување на ДУП за Вардариште и ремедијација оваа некогашна депонија, решавање на статусот на Дрисла…

Од Јавното Обвинителство се бара „отворање на истраги за испуштањето токсични материи во ОХИС, за патот на отпадот кој се увезува во државата, како и истраги за лицата кои палат кабли и оние кои го откупуваат металот, вклучување на лицата собирачи на суровини во системот за третман на отпад, носење на закон за почва бидејќи сега не знаеме колку е таа загадена и каква храна јадеме“.

– Доста ни е веќе од нивните приказни кои почнуваат со ЌЕ оти тие вродуваат со плад само кога има ветер. Доста се сликаат со цистерната во која наводно имало метил акрилат кога имат елаборат во кој стои дека тој испарил уште во април 2019. Никој не излезе да каже што и колку испарило и што дишеле граѓаните. Затворање на сите фирми за третман, преработка и складирање на отпад кои не ги исполнуваат основните услови. Сите 3.580 луѓе кои годишно умираат од загадувањето се секоја засебно тажни приказни. Додека сме луѓе мораме да реагираме човечки на ова неправда и да се бориме. Семето е посејано. Ако ние застанеме, ќе продолжат овие млади, има кој да не наследи и има за кого да се бориме – рече Невена Георгиевска од О2 Иницијатива.

Протестот беше организиран од од Fridays for future – Скопје и поддржан од О2 Иницијатива, Не биди ѓубре, Скопје смог аларм, Мој воздух, Движење за чист воздух, Го сакам Водно, Движење мајкa и дете, Битола сака чист воздух, Eco Guerilla од Тетово, Скопје бара чист воздух, Здрава котлина од Струмица, Еко долина, Младите од Иловица и Штука, Е.Д.Е.Н., Охрид SOS, Шепасти ентузијасти, Анима мунди и десетина други граѓански здруженија за заштита на животната средина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...