fbpx

Многу злоупотреби и манипулации со „хибридниот напад“, велат владини извори

-

Во македонската јавност се разви дебата околу значењето на терминот „хибриден напад“ откако советникот на премиерот Заев, Марјан Забрчанец, на конференцијата е-општество обелодени дека властите откриле злонамерен повик од страна на непознати сторители со премиерот Заев кои се претставиле како Грета Тунберг и нејзиниот татко.

Јавноста со сигурност во последно време е позапознаена со терминот „хибридна војна“ или „хибридна закана“, отколку со терминот „хибриден напад“, кој се однедува на „воена стратегија која користи политички, кибер (сајбер) и конвенционални оружја“ за да постигне некоја цел или надмоќ. Иако не постои универзална дефиниција, американската армија за истата цел повеќе го користи терминот „хибридна закана“. Во минатото, во нашата јавност за ваков тип војување со сите други средства освен употреба на оружје се користеше и терминот „специјална војна“.

„Под хибриден напад се мисли на  мултидимензионален напад кој се состои од различни злоупотреби, во рамки на ист напад“, велат владини извори за „Мета“, додавајќи декаво конкретниот случај хибридноста се состои во злоупотреба на идентитет на Грета, во злоупотреба на комуникациски канали (мејл, телефон), во злоупотреба на дипломатско претставништво, во можна злоупотреба на кабинетот на премиерот, во можна злоупотреба на премиерот и можна манипулација со јавноста.

Инаку, младата шведска климатска активистка Грета Тунберг, како што пишува „EU vs Disinfo“, стана голема мета на креаторите на дезинформации и „ги вознемирува креаторите на дезинформации наклонети кон Кремљ не само поради тоа што одбива да се вклопи во стереотипите за тоа што 16-годишна девојка треба да кажува или да прави (иако шовинизмот и дезинформирањето се „близнаци”). Грета стана мета бидејќи таа е ликот на глобалното самостојно движење – еден автентичен јавен протест каков што медиумите блиски до Кремљ едноставно не можат да смислат“.

„Болно девојче кое е исто толку глупаво колку што е наивно“ и „пророкот на новиот тоталитарен бран“ се формулациите кои руска телевизија контролирана од државата ги користеше при реакциите на активностите на Грета Тунберг, конкретно нејзиниот говор во ОН. Руската телевизија не е единствената што се вознемири од младата климатска активистка. Но, она што овој медиум – поддржувач на Кремљ го издвојува од остатокот на непријателската (и мизогинистка) група е неговата настојчивост во барањето некаков голем заговор зад Грета Тунберг и нејзиниот активизам. Таа е, според различни поддржувачи на официјална Москва, „алатка на глобалната, неизбрана, поп-екофашистичка бирократија“, „гласноговорник на лобистите на гигантите во полето на зелената енергија“, „политичка алатка против Русија и Кина“ и „жртва на малтретирање“ – пишува „EU vs Disinfo“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...