fbpx

Не се исполнети условите за распуштање на Собранието, смета граѓанскиот сектор

-

Сè уште не се исполнети минималните услови за распуштање на парламентот и за распишување веродостојни избори во кои ќе веруваат сите граѓани на Македонија, велат граѓанските организации во обраќањето до меѓународната заедница.

„Доколку Собранието се распушти на 7 април 2016 година, а претседателот на ДИК не го потпише избирачкиот список, односно не даде одобрение за негово користење на изборите, тогаш се создава правен вакуум или, подобро кажано, правен хаос кој е предолго присутен во Македонија. Во таква ситуација, политичката и институционалната криза ќе се продлабочат, а последиците се тешки за предвидување. Токму затоа цениме дека треба да се преиспита одлуката за распуштање на Собранието на Македонија и таа да се донесе тогаш кога сите услови за фер и деморкатски избори ќе бидат исполнети“, велат од граѓанските организации и ја повикаа ДИК без одложување да објави кога можат да се завршат подготовките за фер, слободни и демократски избори.

Граѓанските организации сметаат дека и од аспект на медиумските состојби и медумските реформи не постојат услови за фер, слободни и демократски избори.

„Ваквите трендови во овие клучни области темелно го поткопуваат Договорот од Пржино и неговата основна цел, да овозможи ослободување на партизираните институции и да обезбеди инструменти со кои преодната влада ќе организира слободни, фер, демократски и веродостојни избори“, се вели во обраќањето на граѓанските организации.

Обраќањето е потпишано од Македонски центар за европско образование, Хелсиншки комитет за човековите права, НВО Инфоцентар, Фондација „Отворено општество“ – Македонија, „Транспарентност„ – Македонија, Фондација „Метаморфозис“ и од Институт за човекови права.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...