fbpx

„Не сакаме да бидеме декор“ – Блупринт групата се повлекува од изработката на нов Кривичен законик

Групата граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики

-

Блупринт групата на граѓански организации за реформи во правосудството соопшти  дека се повлекува од понатамошно учество и давање придонес во процесот на изработка на новиот Кривичен законик. Групата граѓански организации смета дека нивното учество е беспредметно во постапка која суштински го озаконува незаконитото, што е дополнително спротивно на нивната мисија за конструктивно, транспарентно и засновано на докази градење на политики.

„Вклученоста на граѓанскиот сектор не смее да се користи како алатка за давање на легитимитет на процесите и да служи како „декор“ во рамки на работните групи за измена на закони. Со оглед на целосната состојба каде се дава легитимитет на нелегитимното, Блупринт групата нема да учествува во процеси во кои правото и правниот систем се извртуваат и злоупотребуваат, личниот интерес на поединци го надминува јавниот интерес и општественото добро, а политички цели и интереси се издигнуваат над темелните вредности“, соопштија од Блупринт групата на денешната прес-конференција.

Оттаму велат дека се сведоци на дрска злоупотреба на т.н. европско знаменце, европско право и казнени политики.

„Успешниот обид за измени и намалување на казните на трите клучни дела за борба против висок криминал и корупција озакони хронично неказнување на високи функционери и вршители на јавни функции. Новата политика наместо да ја врати довербата на граѓаните во законодавна и извршна власт, уште повеќе влијае кон нејзино поткопување, со недвосмислено праќање порака до обичниот граѓанин дека „плаќа дупло“, велат од Блупринт групата.

Дел од оваа неформална мрежа организации се: Коалиција „Сите за правично судење“ (КСПС), Хелсиншки Комитет за човекови права (МХК), Македонско здружение на млади правници (МЗМП), Институт за човекови права (ИЧП), Институт за европска политика (ЕПИ), Центар за правни истражувања и анализи (ЦПИА) и Фондација Отворено општество – Македонија (ФООМ).

Групата имаше свои претставници во работната група што ја формираше Министерството за правда за изработка на нов Кривичен законик. Но, пред тој да биде донесен, Собранието со европско знаменце и по скратена постапка донесе измени во постојниот Кривичен законик, во кој меѓу останатото, беа вметнати и одредби со кои се намалуваат казните за злоупотреба на службената положба, несовесно работење во службата и злосторничко здружување.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...