fbpx

Не е точно дека западните елити долго ја подготвувале војната во Украина

Евидентно е дека самата Русија е таа која долго ја планираше својата инвазија на Украина а не западот. ЕУ и САД ја осудија инвазијата и повикуваа Путин да ги повлече своите војници и да ја прекине војната, што не се случи. Тогаш Западот стави до знаење дека нема намера да праќа борбени трупи во Украина, туку само оружје, теренски болници

-

Западните лидери уште во декември 2021 година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. На 24 февруари 2022 година, Русија, а не западните елити спроведоа целосна воена инвазија врз Украина, односно започна војна со страшни последици врз целиот свет, а најмногу врз самата Украина, која како суверена и демократска држава, нападната во своите граници од странски воени сили, е принудена да се брани, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

 

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук во кој се вели:

Западните елити се спремаат да уживаат во конечната ескалација на претходно долго подготвуваната војна – “Брат против брата”. До кога ќе бидеме: Разединети Глупави Славјански племиња !?
На 24 февруари 2022 година, Русија, а не западните елити спроведоа целосна воена инвазија врз Украина, односно започна војна со страшни последици врз целиот свет, а најмногу врз самата Украина, која како суверена и демократска држава нападната во своите граници од странски воени сили, беше и е принудена да се брани. Начините на кои што Русија се обидува да ја оправда својата воена агресија врз Украина се многубројни, но фактите се дека Москва се обидува да ги спроведе своите империјалистички амбиции во Украина, со употреба на своите сопствени оружја и брутални тактики, вклучително и напади врз цивили. НАТО пружа поддршка на Украина, бидејќи Украина има право на самоодбрана како што е наведено и во повелбата на Обединетите Нации. Индивидуални НАТО членки продолжуваат да даваат воена поддршка за Украина, но тоа не ги прави западните земји „подготвувачи“ на војната, која ја подготви и ја спроведе Русија.
Кремљ долго време шири дезинформации и пропаганда за истите да ѝ послужат на нејзината цел. Сето тоа е со цел да се дисеминираат невистини за да се оправда неиспровоцираната, неоправдлива инвазија на Украина. Инвазијата ја разурна украинската економија која пропадна за повеќе од 30 проценти од почетокот на 2022 година. Нивоата на сиромаштија во Украина се качија од 5.5. проценти во 2021 година до 25 проценти во 2022. Инвазијата расели 14 милиони луѓе, резултирајќи во хуманитарни кризи кои Светската Банка очекува дека може сериозно да го попречат украинскиот економски капацитет за следните години. Детално за последиците од воената инвазија на Русија врз Украина пишувавме овде.

Дојче Веле  во една своја анализа има забележано дека поддршката на Украина од страна на западните партнери преку финансиска помош и достава на оружје се користи од Путин за неговото омилено тврдење дека „Украина е контролирана однадвор“ и дека е „засилена од вооружени сили на НАТО земји и напумпана со најмодерно оружје“.

За одбележување е и дека во средината на 2022 година, откако Русија веќе беше длабоко навлезена во својата воена инвазија на Украина, Сергеј Киријенко изјави дека „НАТО се бори против Русија до последниот Украинец“, наратив што е сличен на тој во постот кој го рецензираме ,,брат против брат”. Станува збор за извртување на вистината, односно се користи тактиката да се обвини НАТО дека војува против Русија со користење на Украинците кои се „браќа на Русите“, кога Русија е таа што војува против Украина во обид да заземе што поголем дел од нејзината суверена територија, кршејќи го меѓународното право, а како последица на воената агресија има и голем број на жртви.

НАТО  ја осудува руската брутална и неиспровоцирана воена агресија кон Украина, која е независна  држава. НАТО и сојузниците продолжуваат да ѝ даваат на Украина поддршка во нејзиното неспорно право на самоодбрана.

Членот 5 како безбедносна гаранција овозможува колективна одбрана и овозможува Алијансата да испраќа оружје за Украина без да ја загрози својата безбедност. Понатаму, добро оформената структура за заеднички стандарди на Алијансата и интероперабилни системи ѝ дозволува на Алијансата да доставува опрема со сигурност дека доставите до Украина може да се дополнат со компатибилна опрема од други сојузници. Индивидуални НАТО членки праќаат оружје, муниција и многу видови на лесна и тешка воена опрема вклучително со противтенковски и системи за воздушна одбрана, дронови и тенкови. До денес, НАТО сојузниците обезбедија опрема вредна милијарди евра за Украина. Сојузниците исто така ги тренираат украинските трупи како да ја користат оваа опрема. Ова помага Украина да го одржи своето право на самоодбрана кое е осигурено во Повелбата на ОН, пишува на страницата на НАТО.

Иако во постот кој го рецензираме се тврди дека Западот долго време планирал војна, токму Русија рано утрото на 24 февруари изврши инвазија врз Украина, иако постојано негираше дека ќе нападне.

По воздушен, копнен и воден пат, Русија изврши разорен напад врз Украина, европска демократија од 44 милиони луѓе. Со месеци, претседателот Владимир Путин негираше дека ќе го нападне својот сосед, но потоа го раскина мировниот договор, испраќајќи сили преку границите на север, исток и југ на Украина. Како што се зголемува бројот на загинати, тој е обвинет дека го нарушува мирот во Европа, објави тогаш „Би Би Си“.

Кон крајот на 2021 година, Русија почна да распоредува голем број војници на границите на Украина, додека постојано негираше дека ќе нападне. Потоа Путин го укина мировниот договор од 2015 година за истокот и ги призна областите под контрола на бунтовниците како независни. А, започнувајќи ја руската инвазија на 24 февруари, Путин го обвини НАТО дека ја загрозува историската иднина на нацијата.

Фактите, пак, говорат дека  западните лидери уште во декември минатата година ја повикаа Русија да ги смири тензиите и ветија дека ќе ја поддржат Украина во случај на каква било закана од Москва. Американскиот претседател Џо Бајден разговараше со британскиот Борис Џонсон и лидерите на Франција, Италија и Германија, при што се согласиле да ги употребат сите можни алатки за да се спречи агресија.

САД и ЕУ изразија голема загриженост и во повеќе наврати се обидоа да го спречат нападот. Во Резолуцијата усвоена во декември 2021 година од страна на европратениците, тие ја повикаа Русија да ги повлече своите трупи кои се закануваат на Украина и рекоа дека секоја агресија од Москва ќе има висока економска и политичка цена.

Членовите на парламентарната комисија за надворешни работи и поткомитетот за безбедност и одбрана отидоа во мисија за утврдување факти во Украина од 30 јануари до 1 февруари 2022 година.

На 22 февруари, водечките европратеници остро го осудија признавањето на областите Доњецк и Луганск во Украина како независни ентитети од страна на рускиот претседател Владимир Путин.

Затоа, евидентно е дека самата Русија е таа која долго ја планираше својата инвазија на Украина а не западот. ЕУ и САД ја осудија инвазијата и повикуваа Путин да ги повлече своите војници и да ја прекине војната, што не се случи. Тогаш Западот стави до знаење дека нема намера да праќа борбени трупи во Украина, туку само оружје, теренски болници. Во исто време, Западот се насочи кон руската економија, финансиските институции и поединци, а во исто време почна да ја поддржува Украина со се што е потребно за да се брани.

Поради сите горенаведени факти, постот кој го рецензираме го оценуваме како невистинит. Западните елити не се спремаат да уживаат во ексалација на долгоподготвуваната војна. Тие немаат подготвено војна, ниту, пак, уживаат во нејзината ескалација, бидејќи таа значи загубени животи, уништени градови, но и геостратешки воопшто, ескалација не е поволна за никого, бидејќи тоа може да доведе до прелевање на војната и во Европа. Наративот дека во војната се борат брат против брат, односно славјански племиња кои се разединети и контролирани, односно насочени од страна на Западот едни кон други, е неприменлив во состојба кога една држава влегува на територијата на друга суверена и демократска држава и почнува да ја бомбардира.

 

hubmk

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...