fbpx

Не е точно дека Бајден ги украл изборите во 2020 година

Не е точно дека Бајден ги украл изборите во 2020 година и дека му зел победата на Доналд Трамп. Трамп постојано тврди дека во 2020 година имало изборна измама со која му била украдена победата, но ваквите негови тврдења никогаш не се докажани

-

Дека немало изборна измама говори и фактот што во април 2023 година, американската медиумска куќа Фокс њуз постигна вонсудска спогодба со компанијата „Доминион воутинг системс“, која покрена тужба против телевизијата поради ширење лажни наводи дека нејзините машини за гласање „префрлале“ гласови за Доналд Трамп на контото на неговиот противкандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД во 2020 година, пишува Вистиномер. 

Текстот го пренесуваме во целост:

 

Анализираме објава на Фејсбук која тврди дека актуелниот претседател на САД Џо Бајден, ги украл изборите во 2020 година и дека му ја зел победата на Доналд Трамп.

Овака изгледа претседателот на САД … кој ги украде изборите 2020 со надворешно мешање и корупција.
Ја зема победата на Трамп со 85 000 000 гласови и ја донесе државата во колапс. Злото почнува со украдените избори. Народот е секогаш во право, стои во објавата.

Не е точно дека Бајден ги украл изборите во 2020 година и дека му зел победата на Доналд Трамп. Трамп постојано тврди дека во 2020 година имало изборна измама со која му била украдена победата, но ваквите негови тврдења никогаш не се докажани.

Бајден ги доби мнозинството од гласовите на изборите, а резултатот подоцна беше верификуван од американскиот Конгрес. Бајден беше инаугуриран за претседател на САД на 20 јануари 2021 година.

Пребројувања на гласовите, поттикнати од Републиканската партија и Трамп, беа спроведени во Висконсин, Аризона и Тексас, како и во Џорџија.

Во Аризона, победата на Бајден во Марикопа Каунти,најнаселената општина во државата и критична територија, беше потврдена со рачно пребројување на гласовите и повеќе направени тестови за точност после гласањето, форсирани од страна на републиканците.

Во Дејн Каунти и Милвоки Каунти, двете најголеми единици во Висконсин, исто така имаше пребројување на гласовите и потврдено беше дека Бајден го победил Трамп за повеќе од 20 илјади гласови.

Трамп победи во Тексас, но на 20 септември 2020 година побара пребројување на гласовите во четирите најнаселени места во Тексас, а тоа се Харис, Далас, Таант и Колин.

До 31 декември 2021 година, локални медиуми известија дека резултатите од пребројувањето не резултирале со значајни разлики.

Џорџија, исто така, спроведе три пребројувања на гласачките ливчиња од претседателските избори кои потврдија дека Бајден е победник.

И Пенсилванија спроведе инспекција од резултатите од изборите што се одржаа во ноември 2020 година и беше утврдено дека Трамп загубил од Бајден за 81 илјадa гласови.

По изборите во 2020 година, поранешниот претседател Доналд Трамп и некои републиканци, одново и одново бараа да се пребројат гласовите обвинувајќи за изборна измама,  извести тогаш  „Гардијан“.

Според „Асошиејтед Прес“, уште една серија на проверки биле направени и во Марикопа во Аризона и крајниот Извештај од март 2022 година покажал дека нема докази за измама во општината.

Бајден победи со 306 електорски гласови споредено со 232 електроски гласови на Трамп според „Њујорк Тајмс“. Електорските гласови се добиваат од претставници, кои ги именуваат сојузните држави, при што нивниот изоб е рефлексија на добиените гласови од граѓаните.

Дека немало изборна измама говори и фактот што во април 2023 година, американската медиумска куќа Фокс њуз постигна вонсудска спогодба со компанијата „Доминион воутинг системс“, која покрена тужба против телевизијата поради ширење лажни наводи дека нејзините машини за гласање „префрлале“ гласови за Доналд Трамп на контото на неговиот противкандидат Џо Бајден на претседателските избори во САД во 2020 година.

Веста ја објавија адвокатите на американската компанија наведувајќи дека спогодбата изнесува 787,5 милиони долари.

„Доминион воутинг системс“ ја тужеше телевизијата за нарушување на угледот, бидејќи ширела наводи за машините за гласање на компанијата за кои од Фокс њуз знаеле оти се лажни. Фокс њуз ваквите вести ги објавуваше откако поранешниот претседател Доналд Трамп во 2020 година ги изгуби избори од Џо Бајден и тврдеше дека машините за гласање биле „наместени“.

„Доминион“ во тужбата наведуваше дека Фокс њуз му помогнале во ширењето на неоснованите обвинувања.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека на изборите во 2020 година во САД имало изборна измама и дека Бајден му ја украл победата на Трамп. Бајден е претседател на САД избран на регуларни избори. Објавата ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.
Elden Ring- Elden Lord Armor Set and Set Greatsword скриншот од лична архива на Иван Стојановски

Експанзијата на „Елден Ринг“ ја губи публиката бидејќи е претешка за играње

Откако излезе експанзијата за Елден Ринг, „Shadow of the Erdtree", публиката почна масовно да се жали дека експанзијата е претешка за играње. Тоа и е причината што оваа експанзија...