fbpx

Шокаровски повторно е директор на Државната кардиохирургија

Ќе видиме во периодот понатаму, можеби ќе назначиме нови директори секаде, рече минстерот Таравари, по денешната посета на хируршките клиники

-

Минисерот за здравството, Арбен Таравари денеска потврди дека д-р Марјан Шокаровски е вратен на позицијата медицински директор на Клиниката за државна кардиохиругија.

„Да, ми потврди заменичката-министерка дека д-р Шокаровски е вратен на функцијата. Јас мислам дека правилно постапила по тоа што укажала Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) – нормално го вратила стариот директор. Јас мислам дека одлуката е во ред. Ќе видиме во периодот понатаму можеби ќе назначиме нови директори секаде“, рече Таравари, по посетата на хируршките клиники.

Претходниот минисер за здравство Илир Демири пред извесно време го разреши Шокаровски. Ова го сторил, како што објасни на прес-конференција, бидејќи на Клиниката имало пациенти кои не биле регуларно внесени во системот Мој Термин и немале отпусно писмо или прилог кон умреница.

„Имаше сомнежи дека е зголемна смртноста на оваа клиника. Јас оформив комисија да ги испита ваквите наоди. Според извештајот кој го добив, нема значајна зголемена смртност. Но, денес дознав еден податок според кој, 170 пациенти не се внесени регуларно во системот Мој Термин и немаат отпусно писмо или прилог кон умреница. Затоа денеска одлучив да го разрешам директорот Марјан Шокаровски, а како втора причина за тоа се крајно нарушените меѓучовечки односи на клиниката, што е недозволиво. Ако продолжам да министерувам, таму директор треба да е некој експерт од навор“, рече тогаш Демири.

Шокаровски демантираше дека е зголемена смртноста на пациенти на Универзитетската клиника за државна кардиохирургија откако бил тој назначен за директор на истата. Кажа дека во периодот од јули до мај смртноста постојано се намалува.

„Низ месеците, тежината на пациентите се зголемува, односно пациентите со тешки состојби, преживуваат повеќе. Се работи за оркестрирана хајка, во која за прв пат се случува на ваков начин да се напаѓа и да се руши интегритетот на Клиниката за државна кардиохирургија“, рече тој на прес-конференција.

 

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...