fbpx

Климатските промени не се мантра на трансхуманисти, фашисти и сатанисти, туку реалност

Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време, светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните 125.000 години

-

Во објавата се прави обид предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност, да се претстават како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“ која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“. Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време, светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните 125.000 години. Проценката на IPCC, е дека периодот од 2016 до 2020 година е најтоплиот петгодишен период забележан од најмалку 1850 година, пишува Вистиномер.

Објавата ја пренесуваме интегрално:

 

Рецензираме објава на социјалната мрежа Фејсбук во која пишува:

Мантраат климатски промени и зелени енергии а у ствари се трансхуманисти фашисти и сатанисти. Следните ограничувања на слободата, инфлација и психофизичко тормозење, ќе бидат во име на заштита на климата.
Помизерни од владата на Окупирана Македонија која турка зелена политика на Давос ,се: квази научна елита кои или се глупи не сфаќаат, или се потплатени, а најбедни се НВО  организациите кои се стока неопеана збирштина на безделници кои за малку кеш ги заведуваат со климатски глупости средношколците и основците. Многу вешто лажат, краставицата беше убедена дека ќе заврши во салата.

Во објавата се прави обид да се претстават предупредувањата и констатациите дека климатските промени се реалност и постојат, како наводна „глупост“ мотивирана од „потплатување со пари“, која ја шират „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“.

Обединетите Нации на 5 јуни годинава, предупредија (повикувајќи се на најновата временска прогноза од Светската метеоролошка организација) дека просечната глобална температура ќе се зголеми за 1,5 степени Целзиусови, споредено со прединдустриските нивоа во барем една од следните пет години.

Светската метеоролошка организација предупредува дека ќе се зголеми температурата за 1.5 степени со тенденција да се зголемува. Веќе привремено го поминавме ова ниво во некои поединечни месеци, а и како просек во изминатите 12 месеци, вели заменик генералниот секретар на Светската метеоролошка организација Ко Барет.

Климатските промени се најгорливиот проблем на нашето време.

Светот станува сè пожежок. Според шестиот извештај за проценка на IPCC за состојбата на климата, изминатата деценија веројатно е најтоплиот период во последните 125.000 години. Проценката на IPCC, исто така е дека периодот од 2016 до 2020 година е најтоплиот петгодишен период забележан од најмалку 1850 година.

Без двоумење, луѓето се причината. Според 350.org, зголемувањето на температурите е речиси точно во корелација со ослободувањето на стакленички гасови. 

Институтот за океанографија Скрипс направи јасен визуелен водич за таа корелација, поддржан и поткрепен со научна студија.

Според податоците објавени од НАСА, јаглерод диоксидот е на највисоко ниво во повеќе од два милиона години. Прединдустриските нивоа на јаглерод диоксид беа околу 280 делови на милион. Во 2023 година сме блиску до 420 делови на милион.

Последниот пат кога атмосферата содржела толку јаглерод диоксид колку што содржи сега, според Вајрд, било пред повеќе од 3 милиони години, кога нивото на морето било многу повисоко.

Според Климатската акција на ОН, приближно 25 проценти од емисиите на стакленички гасови доаѓаат од чистење на земјиштето, производство на култури и ѓубрење, при што храната од животинско потекло придонесува за четвртина од таа бројка. Потребата за справување со емисиите од земјоделството за животни стана сè поголема грижа последниве години, главно поради зголемената свест од документарните филмови и литературата за климата.

Усвојувањето на растителната исхрана често се смета како промена на животниот стил што може да ги намали личните емисии, иако студиите варираат во однос на општиот степен на влијанието. Засадувањето повеќе дрвја се наведува како потенцијално решение. Но, потпирањето на садење дрвја нема да го реши проблемот со климатските промени. Според Оксфам, ќе бидат потребни 1,6 милијарди хектари нови шуми, што е приближно петпати поголема површина од големината на Индија, или повеќе од целото обработливо земјиште во светот.

Меѓународниот панел на научници, поддржан од ОН, сугерираше дека климатските промени играат сè поголема улога во доведувањето на некои видови до исчезнување. Десетици видови растенија и животни исчезнуваат секој ден. До средината на векот, трендот на исчезнување на видови, ќе продолжи.

Според ВВФ и нивниот Извештај за жива планета од 2020 година, земјата се соочува со просечен пад на големината на популацијата на цицачи, птици, влекачи и риби за 68 проценти меѓу 1970 и 2016 година.

Климатските промени меѓу другото влијаат и врз океаните и временските прилики. Во Северна Македонија испитувани се и ефектите на климатските промени врз здравјето на луѓето и нивната благосостојба и целиот документ може да го прочитате овде.

Предупредувањето и информирањето за промената на производствените процеси, промените во земјоделието, како и во потрошувачките навики на луѓето не е мотивирано од „трансхуманисти, фашисти и сатанисти“, туку од научници, експертска јавност, светски влади, кои се свесни дека иднината на земјината топка ќе биде масовно афектирана од климатските промени.

Нема никакво психофизичко тормозење, ограничување на слободата и инфлација предизвикани од справувањето со климатските промени, туку подигнување на свесноста за идните генерации и животот на планетата Земја во иднина. Климатските промени се закана за достапната вода, производството на храна и промени во однесувањето на луѓето се неопходни. Климатските промени се многу поголем проблем од „краставица во салата“ како што неинформирано се прави обид да се релативизира целата состојба во објавата што ја рецензираме.

Кога ќе се земат предвид сите аспекти на кои климатските промени несомнено влијаат и ќе продолжат да влијаат во иднина, и имајќи предвид дека токму климатските промени се најгорливото прашање во денешно време поради импактот што го има врз целиот свет и сите луѓе, објавата ја оценуваме како невистина.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Двајца полицајци се сомничат дека примиле поткуп за да не констатираат сообраќаен прекршок

МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на...