НБРСМ ќе објавува вкрстени податоци за вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност

-

Почнувајќи од месецов, Народната банка на Република Северна Македонија (НБРСМ) ќе започне со редовно објавување на подетални прегледи со податоци за состојбата на вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност (исплата на пари, камати, заработка или дивиденда), преку нови, вкрстени димензии.

Од НБРСМ соопштуваат дека во досегашните статистички прегледи за портфолио-инвестициите биле опфатени неколку димензии на вкупните, сопственичките и должничките хартии од вредност, приказ врз основа на земјата во која се инвестира, на оригиналната валута (за вкупни вложувања), на секторот на домашниот инвеститор, како и врз основа на рочната структура на должничките хартии од вредност.

„Во новите прегледи податоците ќе бидат прикажани врз основа на неколку вкрстени димензии. Имено, со новите прегледи ќе се овозможи вкрстено прикажување на податоци за портфолио-инвестициите според: институционалниот сектор и земјата на издавачот на странската хартија од вредност, на домашниот инвеститор и на издавачот на странската хартија од вредност, за одредена група земји“, соопштуваат од НБРСМ.

На тој начин, значително ќе се зголеми аналитичката вредност на податоците за портфолио-инвестициите – средства во рамките на извештајот за меѓународна инвестициска позиција. Воедно, новите прегледи доброволно ќе се доставуваат и до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на истражувањето за портфолио-инвестиции (КППИ), како дел од статистичкиот стандард СДДС плус.

Според календарот на објавување податоци, тие ќе се објавуваат на редовна полугодишна основа и ќе бидат достапни преку статистичкиот веб-портал на Народната банка „НБСтат“.

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено, анимето е...

Трошоците на градоначалниците од Полошкиот регион: Над 47 илјади евра за патни трошоци и службени патувања за само три години

Градоначалниците на општините од Полошкиот регион од 2022 до 2024 година за патни трошоци (гориво, патарини) и службени патувања потрошиле вкупно 2.946.717 денари или над 47 илјади евра. Порталб.мк преку Законот...

МВР го приведе, па го пушти на слобода насилникот кој крвнички тепаше жена

Откако стана вирално видеото на кое се гледа и слуша како маж на лајв стрим на ТикТок тепа жена, Министерството за внатрешни работи го приведе насилникот, за кој е потврдено дека...

Потона подморница во близина на брегот на Египет, при што загинаа шест руски државјани и девет се повредени

Шест лица загинаа, а девет се повредени кога туристичка подморница со 45 патници потона во близина на брегот на Египет, соопштија провинциски власти од земјата. Тие зборуваа под услов на анонимност...

Новото аниме од серијалот Вичер насловено „The Witcher Sirens of the Deep“

Нетлфикс неодамна го издадоа новиот аниме серијал од универзумот на „The Witcher“ со наслов „The Witcher Sirens of the Deep“, коешто не се сложува целосно со приказните од книгите. Имено,...