Кошаркарите на Торонто репторс синоќа на гостински терен славеа убедлива победа против тимот на Атланта хокс.

Репторс до 37. победата оваа сезона стигнаа со конечен резултат од 105-80, а предводник на тимот беше Луис Вилијамс со 26 постигнати поени.

Во тимот на Атланта, најефикасни беа Кајл Корвер, Џеф Тиг и Пол Милсап, секој со 11 поени, додека македонскиот кошаркар во редовите на Хокс, Перо Антиќ, на натпреварот одигра 9 минути и забележа 5 поени и 2 скока.

Во Западната конфернација, тимот на Голден стејт вориорс на домашен терен го совлада актуелниот шампион Сан Антонио спарс со 110-99 и ја забележа 43. победа во годинешната сезона.

Во останатите натпревари беа постиганти следниве резултати: Орландо – Њу Орлеанс 95-84, Филаделфија – Индијана 95-106, Детроит – Чикаго 100-91, Њујорк – Мајами 87-111, Минесота – Феникс 111-109, Далас – Хјустон 111-100, Милвоки – Денвер 89-81, Сакраменто – Бостон 109-101, ЛА Лејкерс – Бруклин 105-114, Јута – Портланд 92-76 и Вашингтон – Кливленд 89-127.