Наскоро „Младите бунтовници“ на Нетфликс (видео)

Во раните 2000-ти владееше тотална „Ребелде“ хистерија во целата држава, се собираа албуми со самолепливи сликички, се купуваа тетратки со главните ликови од серијата, се носеа маички со омилените парови, се купуваа цедиња и аудио касети со нивната музика, се учеа кореографии на песните итн. Генерацијата миленијалс порасна со „Младите бунтовници“.

Од декември и помладата генерација ќе може да ја погледне серијата на платформата “Нетфликс“, а миленијалците ќе се потсетат на своето детство.

Дејството на серијата се одвива околу 4 главни ликови и нивните соученици во елитно средно училиште. Миа, Марица, Пабло и Мануел се сосема различни, но наоѓаат заеднички јазик преку музиката, основаат своја група и се соочуваат со проблемите со кои се соочуваат сите тинејџери.

Освен серијата, се најавува дека на „Нетфликс“ ќе го има и филмот “4 caminos” или „4 патишта“ кој ги следи четворицата ликови по завршувањето на серијата.