fbpx

Најмалку двајца загинати во експлозија и пожар во зграда во Вашингтон

-

Во експлозија и пожар во четирикатница во предградие на Вашингтон, САД загинале најмалку две лица, а седум се водат како исчезнати, соопштиле денеска официјални претставници, јавуваат светските медиуми.

Во пожарот, како што пренесува „Си-ен-ен“, повредени се повеќе од 30 лица, меѓу кои и тројца пожарникари.

Експлозијата, која го предизвикала големиот пожар, одекнала по полноќ, во станбениот комплекс во Силвер Спринг, соопштиле спасувачките служби.

Телевизијата пренесува дека околу 150 пожарникари биле ангажирани во гаснењето на пожарот, а полицијата ги истражува причините за експлозијата.

Црвениот крст на САД соопштил дека повече од 100 луѓе биле евакуирани од опожарениот комплекс.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...