fbpx

На Технолошко-металуршкиот факултет успешно се произведува дизел-гориво од отпад

-

Пластиката, гумата, биомасата, моторните масла, маслата од прехранбената индустрија и сè што претставува органски отпад може да биде погодна суровина за добивање цврсти, течни и гасни горива.

Истражувањата направени на Институтот за хемиско и контролно инженерство на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје, уште еднаш потврдија дека цврстиот и течен органски отпад во Македонија може да најде своја соодветна примена преку негова конверзија во висококалорично гориво.

Добиеното гориво, во зависност од неговиот квалитет, почетната суровина, како и од условите на неговото добивање, може да се употребува како гориво за автомобилите, во индустријата или како гориво за домаќинство. Лабораторијата на факултетот веќе подолго време користи специјализирана опрема, донирана од ОКТА, што овозможува изведување ваков тип експерименти.

– На факултетот во лабораторијата за нафта и за нафтени деривати за оваа намена веќе се користат неколку типа реактори и природни и синтетички добиени катализатори, а сè тоа за да се подобри квалитетот на добиеното течно гориво. Изминативе десетина години интензивно работевме на развивање нови технологии за добивање течно гориво – биодизел од употребувани масти и масла и добиени се импозантни резултати. Последниве две години се посветивме на добивање дизел-гориво од пластика, гума и употребувано моторно масло. Покрај ова, добиено е биогориво од индустриски и од шумски отпад, како и од отпад од агроиндустријата. Покажавме дека валоризацијата на отпадот во употребливо гориво има еколошки, економски и социјален бенефит – изјави Славчо Алексовски од Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Петнаесет работници лани загинале на работните места

Утре, в недела, на Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, во паркот на улицата Пандил Шишков во општина Аеродром ќе бидат засадени 15 дрвца, колку што изнесува...