fbpx

Напредок во трговијата со Унгарија и зголемување на инвестициите

-

Министерот за економија, Беким Незири, вчера оствари средба со министерот за надворешни работи и за трговија на Унгарија, Петер Сијарто.

На средбата беа потврдени пријателските односи меѓу двете држави, напредокот во трговската соработка кој минатата година забележа речиси двојно пораст во споредба со претходните години, како и целосната поддршка која Унгарија ја дава за евроатланските интеграции на Македонија.

Унгарската страна изрази интерес за текот на далекуводот Битола-Елбасан, приватизацијата на ЕМО-Охрид, како и за можностите за соработка на инфраструктурните проекти.

Незири накусо информираше за проектот Битола-Елбасан, за кој од македонска страна е изработен инвестиционен план, а при посетата на Албанија е изразен интерес за забрзување на активностите и од албанска страна.

Министерот за економија извести дека за ЕМО-Охрид во процес е подготвување документација за продажба, а информираше и за енергетските проекти, меѓу кои и за текот на изградба на гасоводната мрежа во Македонија. 

Имено, во 2014 година, Унгарија се позиционираше на третото место на земји кои се најголеми инвеститори во Македонија, со повеќе од 56 милиони долари, а трговската размена достигна повеќе од 102 милиони долари, во споредба со претходните години, кога достигнуваше околу 60 милиони.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...