fbpx

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во центарот на градот

-

Општина Тетово почна да издава тезги под закуп во централното градско подрачје, откако деновиве спроведе акција за остранување на дивите тезгеџии. Покрај градската библиотека, веќе се поставени шест тезги, а се планира ист број вакви тезги да има и на градскиот плоштад.

– Ја поздравуваме ваквата одлука на Општина Тетово. Сега тезгите каде ја продаваме стоката се регуларни и нема потреба да се плашиме од инспекциските служби, кои претходно ги острануваа тезгите, за кои немавме ниту, пак, имаве можност да извадиме дозвола за нивно поставување – вели еден од закупците.

Од тетовската локална самоуправа велат дека тезгите ќе се издаваат по цена од 80 денари за еден ден.

– Планираме на ниво на цел град да поставиме вакви тезги. На тој начин ќе се ослободат јавните површини низ градот, каде на импровизирани тезги се продава сè и сешто – велат од Општина Тетово.

З.Д.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...