fbpx

МЗ: Вчера се аплицирани 9.335 вакцини

-

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува. На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 428.081 граѓани.

„Прва доза вакцина вчера примиле 6.413 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 9.335 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 676.620 дози вакцини, а ревакцинирани се 248.539 граѓани.

Со последните бројки 56 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 53 проценти од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 49 проценти од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина,“ се вели во соопштението.

Од Министерство за здравство информираат дека голем е интересот за вакцинација без закажан термин. Со прва доза и без закажан термин се вакцинираат возрасни лица што сакаат да се вакцинираат, во пунктовите во Здравствените домови низ државата.

Процесот на теренска вакцинација се одвива на територија на цела држава, со ротации на медицински екипи во секое село, рурално населено место, населба. Сајтот vakcinacija.mk е отворен за закажување на термини за вакцинација на децата. Ревакцинацијата се одвива во спортските сали низ градовите во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп и во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје.

Министерството за здравство апелира до граѓаните да се вклучат во масовното вакцинирање бидејќи само на овој начин ќе успееме да го победиме вирусот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...