Фото: Мета.мк

На вакциналните пунктови, во текот на вчерашниот ден биле вакцинирани вкупно 12.211 лица, од кои прва доза вакцина против ковид-19 примиле 9.711 граѓани.

„Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, интересот секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 384.706 граѓани“, соопштија од Министерството за здравство.

Досега во државата се аплицирани 232.485 дози вакцини, а ревакцинирани се 36.366 граѓани. Со последните бројки, една доза вакцина примиле 44 отсто од лицата над 70 години, 36 отсто од лицата на возраст над 65 години и 30 отсто од населението над 60 години.

Од Министерството за здравство информираат дека вакцинацијата се спроведува според Националниот план за имунизација и дека се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес преку веб страницата vakcinacija.mk, како и вработени лица во критична инфраструктура. Масовна вакцинација се одвива во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортсите сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.