fbpx

МВР вчера издало потврди на 2.841 бегалец

-

Министерството за внатрешни работи вчера издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил на вкупно 2.841 странски државјанин.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјани на Сирија – 1.303, потоа на 848 државјани на Авганистан и на 690 државјани на Ирак.

Од почетокот на годината до вчера, издадени се вкупно 68.025 потврди на странски државјани.

Во текот на изминатото деноноќие до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување барање за признавање право на азил.

Од први јануари до вчера до Секторот за азил барање за признавање право на азил поднеле десет лица.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...