fbpx

Индонезија: 26 лица починаа од алкохолно труење

-

Десет и шест лица починале откако пиеле алкохолен пијалак во централното индонезиско подрачје Јава, соопшти денеска полицијата.

Според наводите на истражувачите, повеќето жртви починале од пијалак што го купиле во градот Слеман.

– Повеќето жртви се студенти – соопшти шефот на слеманската полиција.

Првиот смртен случај е регистриран во средата, доцна навечер, а потоа следувале и други смртни исходи.

Полицијата уапсила двојка која продавала мешавина од етанол, вода и од овошје, а од која, како што се верува, починале 22 лица.

Уапсен е уште еден произведувач на алкохолен пијалак, за кој се верува дека е одговорен за смртта на четири лица.

Во Индонезија повеќепати се регистрирани смртни случаи од неисправен алкохолен пијалак.

Повеќе десетини Индонезијци починаа на Јава во 2014 година од неисправен алкохол, додека 25 лица од иста причина починаа на Бали во 2009 година.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...