fbpx

МВР: Парични казни за неисчистени полициски пиштоли

-

Внатрешната контола на МВР утврдила дека на двајца полициски службеници во полициската станица на граничниот премин Ќафасан не им било чисто службеното оружје што го поседуваат поради што заработиле парични казни.

Ваква казна, поради нечисто оружје, во текот на изминатата седмица му била изречена и на дежурен полицаец во полициската станица за граничен надзор на Охридско Езеро.

На виш инспектор за општ криминалитет од Струга изречена му е парична казна бидејќи не презел мерки за пронаоѓање на одземено возило, пронаоѓање и за фаќање на сторителот и не го известил навремено Основното јавно обвинителство.

Парично е казнет и полицаец од станицата за безбедност во сообраќајот во Струга бидејќи внел невистинити податоци во записник за извршен увид на место на настан.

Во текот на минатата седмица, по спроведена дисциплинска постапка, биле донесени 24 решенија против исто толку вработени во Министерството за внатрешни работи поради сторени повреди во работењето.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...