fbpx

МВР ќе поднесе прекршочни пријави против Диме Спасов

-

МВР ќе поднесе прекршочни пријави против дополнителниот заменик-министер за труд и социјална политика, Диме Спасов за напуштање на местото на сообраќајна незгода, непостапување по барањата на полициските службеници и за неприспособување на брзината на возилото на условите во сообраќајот, изјави денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

Како што изјави Спасовски, и во двете сообраќајни незгоди возилото било поместено и тоа било проблем за да се изврши увидот. Според него, констатирано е дека возилото „фолксваген туарег“ било управувано од лицето Д.С.

Шпекулациите дека лицето кое по настанот се пријавило во полиција и дало исказ дека тој го возел службениот „туарег“, според Спасовски се невистинити бидејќи, како рече, исказите што ова лице ги дало во полициска станица за правците на движење на возилото не соодветствувале со информациите прибавени од истрагата.

– Откако возилото „туарег“ било застанато, констатирано е дека во автомобилот имало сопатник, поточно лицето Т.К., кое не дало исказ дека имало претходни закани и тропање по автомобилот. Бидејќи не станува збор за кривично-правен настан, против овие лица нема да биде поднесена кривична пријава за лажен исказ бидејќи штетата од настанот не е доволно висока за да следува кривична пријава – посочи министерот Спасовски.

Министерот изјави дека во моментов се разгледува поплаката од лицето Д.С., за која тој смета дека е нелогична поради тоа што, доколку тој бил бркан и загрозен, би требало да поднесе кривична пријава, а не поплака. Тој дополни и дека нема никаква пријава во Секторот за внатрешна контрола на МВР за постапката на полициските службеници при увидот на настанот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...