fbpx

Мрежата за спречување и заштита од дискриминација ги поддржува новите мерки за вакцинацијата

-

Задолжителната вакцинација не претставува нелегално ограничување на правата нити дискриминација, порачува Мрежата за спречување и заштита од дискриминација, по јавните реакции за предложените мерки од страна на Комисијата за заразни болести во делот за спречување на ширењето на ковид-19.

Мрежата порачува дека мерките што се предлагаат се заради подобра заштита на граѓаните.

„Како организации кои се посветени на заштитата на човековите права, сметаме дека построгите мерки за обезбедување поголем опфат на имунизацијата се неизбежни доколку целиме кон заштита на животот и здравјето на луѓето. Потсетуваме дека индивидуалните права можат и треба да бидат предмет на ограничување кога зад целта на ограничувањето стои повисока вредност, како во случајот заштита на здравјето и животот на сите. Напротив, непреземањето на мерки од страна на властите со цел заштита на населението од Ковид-19, под одредени околности, може да се смета за повреда на човековите права“, се порачува во апелот.

Невладините организации здружени во оваа коалициај порачуваа дека „Задолжителната вакцинација е неопходна мерка имајќи го предвид сериозниот ефект од глобалните дезинформациски кампањи кои продуцираат недоверба во науката и медицинските авторитети и директно влијаат на малиот број на вакцинирани“.

Како што тие образлагаат, согласно член 39 од Уставот на Република Северна Македонија, на секој граѓанин му се гарантира правото на здравствена заштита, а граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

„Задолжителната вакцинација, која е предвидена со Законот за заштита на населението од заразни болести, во ниту еден момент не може да се доведе под сомнение дека е во спротивност со Уставот и основните човекови слободи и права. Согласно чл.33 ст.7 од овој Закон, Министерот, на предлог на Комисијата за заразни болести, може да одреди вакцинација и за други заразни болести. Оттука, Мрежата за заштита од дискриминација смета дека е оправдано со закон да се обврзат граѓаните на вакцинација против болести чие спречување е во интерес на општеството. Живееме во услови на пандемија, каде што сите релевантни достапни и научно засновани податоци, укажуваат на тоа дека вакцинацијата против Ковид-19 е во интерес на зачувување на јавното здравје и истата претставува легитимна цел за ограничување на човековите права“, порачува Мрежата за спречување и заштита од дискриминација

Во соопштението се посочува дека Комисијата не треба да прави разлика меѓу работниците во јавниот и приватниот сектор при креирање на мерките, но и за потреба од стручна дискусија за мерките со кја што би се образложиле мерките.

Мрежата укажува и на пресуди на Европскиот суд за човекови права во случаи покренати од противниците на вакцинирањето на децата.

„Овие мерки се и во рамки на меѓународното право и практика на заштита на човековите права. Според пресудата на Европскиот суд за човекови права во случајот Vavřička and Others v. the Czech Republic задолжителната вакцинација на децата не претставува кршење на Европската конвенција за човековите права и слободи туку е неопходна во демократско општетсво. Со задолжителната вакцинација се ограничува правото на приватен живот (член 8 од ЕКЧП) кое може да се ограничи поради заштита на јавното здравје“, образлага мрежата

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...