Системски промени во распределбата на средствата за граѓанскиот сектор со предлог-буџетот за 2022 година

-

Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество побара Владата да го преиспита планирањето средства за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации во Буџетот за 2022 година.

Како што што напоменуваат, тие бараат средствата од 30 милиони денари во новиот буџет да се предвидат во Раздел 04001 – Влада на Република Северна Македонија, Потпрограма 10 – Администрација, ставка 463 – Трансфери до невладини организации, наменети за финансирање на програмските активности на здруженија и фондации.

„Овие средства веќе подолг временски период се предвидуваат во Раздел 04001 – Влада, меѓутоа со Предлог-Буџетот за 2022 година, од непознати причини, средствата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за 2022 година се испланирани во Раздел 04010-Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците, во Потпрограма 11 со наслов „промоција на меѓуетнички односи“, што наведува само еден приоритет“, велат од Советот за соработка на владата и граѓанското општество.

Тие напоменуваат дека секој орган на државната управа врз основа на програма може да распределува средства за прашања од сопствениот делокруг за работа, меѓутоа со оглед дека улогата на Владата е да ги идентификува приоритетите кои се од значење за финансирање за целокупното општество, неопходно е финансиските средства да бидат испланирани во Раздел 04001 – Влада.

„Вакви сериозни, системски измени во распределбата на средствата наменети за граѓанските организации, без претходна консултација со Советот за соработка меѓу Владата и граѓанското општество, значат негирање на улогата на Советот и минимизирање на неговите досегашните напори за унапредување на системот на финансирање на граѓанските организации“, велат граѓанските организации.

Тие посочуваат дека со програмата за работа на Владата за периодот 2020-2024 предвидена е сеопфатна реформа во системот на државно финансирање. Во таа насока во постапка е формирање на работна група за реформа на системот на државно финансирање на граѓанските организации. Оваа работна група треба врз основа на досегашните анализи и во транспарентен и инклузивен процес да предложи модел во кој ќе се врши распределбата на државните средства кон граѓанските организации.

„Сè додека не се усвои нов модел на државно финансирање сметаме дека не треба да има експериментални начини на финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите, ниту промени во однос на буџетските корисници кои располагаат со овие средства“, велат од Советот.

Земајќи предвид дека Предлог-Буџетот на Република Северна Македонија за 2022 година е веќе во собраниска процедура, тие бараат од предлагачот на Предлог-Буџетот за 2022 година, да ја земе предвид нивната реакција и да интервенира амандмански во Предлог-Буџетот за 2022 година со што ќе се овозможи континуитет на воспоставените практики, сè до утврдување на сеопфатна реформа во системот на државно финансирање на граѓанските организации.

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати од медиумите,...

Лишен од слобода возач во Кавадарци, возел под дејство на алкохол и спречувал полициски службеник при преземање службени дејства

На 11.07.2025 во 23.50 часот, на улица „7-ми Септември“ во Кавадарци, полициски службеници го лишија од слобода Г.Т.(49) од Кавадарци. При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистарски ознаки, што го...

ЦУК: Во изминатото деноноќие регистрирани 38 пожари на отворено, три сè уште активни

Центарот за управување со кризи информира дека во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се евидентирани вкупно 38 пожари на отворен простор. Од нив, три се сè уште активни,...

Д-р Османи: За 5 години антимикробната резистентност може да е главна причина за смрт на светско ниво

Антимикробна резистентност сè повеќе зема замав кај нас, во Европа и во светот, па се смета дека до 2030 година, таа може да е главна причина за смрт на светско ниво....

Термини за лична карта, возачка дозвола и пасош повторно може да се закажуваат онлајн

Министерството за дигитална трансформација информира дека електронската апликација за закажување термин за издавање лични документи повторно е достапна преку порталот за е-услуги uslugi.gov.mk. „На барање на многу граѓани и поттикнати...