fbpx

Мрежата за борба против говорот на омраза во медиумите доби нова членка

-

Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми се приклучи на Мрежата за борба против говорот за омраза во медиумите, чиј иницијатор и координатор е Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

Претседателката на Управниот одбор на СЕММ Катерина Синадиновска истакна дека во справувањето со говорот на омраза во медиумите особено е значајно да се продолжи со промоцијата на новинарските стандарди и соработката со сите институции кои се надлежни за санкционирање на оваа појава. Мрежата е отворена за соработка за сите граѓански организации, здруженија, институции и медиуми кои сакаат да придонесат во превенција на говорот на омраза во медиумите во нашата земја.

Лирим Дулови, претседател на Асоцијацијата за заштита на печатените медиуми и основач на дневниот весник Коха, нагласи дека целта на кампањата за борба против говор на омраза која ја води оваа Асоцијација е подигнување на свеста за штетните последици од користењето на таквиот говор, нагласувајќи дека е особено значајно да се бара одговорност и од институциите.

Претседателот на Здружението на новинари Младен Чадиковски истакна дека говорот на омраза и повикувањето на насилство против новинарите е апсолутно неприфатливо и претставува директен напад врз слободата на говорот. – Смртните закани со кои новинарите често се соочуваат имаат за цел да ги вознемират новинарите и да се замолчи критиката во медиумите – рече Чадиковски.

Тој уште еднаш потсети дека одговорност на Владата и на институциите е да гарантира безбедна средина за работата на новинарите, а тоа може да се постигне единствено доколку соодветно се казнува говорот на омраза кон новинарите и со прекинување на неказнивоста на оние кои напаѓаат новинари.

Мрежата за борба против говорот за омраза во медиумите официјално се формираше на 30 јануари годинава.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...