Младите не заминуваат од ќеиф: Да имаше квалитетно образование овде, не би одела во странство, вели Ќендреса за Порталб

Ќендреса Бајрами | Фото: лична архива

Никој не би одбрал дда студира во странство ако образованието во татковината е квалитетно, вели студентката Ќендреса Бајрами во интервју за „Порталб.мк“, објаснувајќи ги причините поради кои решила да студира надвор од државата. Во моментов, според УНЕСКО, 5.704 студенти студираат на факултети надвор од Македонија, пишува „Порталб.мк“.

Ќендреса Бајрами, веќе четири години живее и студира на еден од најпрестижните универзитети во Велика Британија и вели дека земјата ја напуштила во потрага по подобра перспектива.

„Ја напуштив Северна Македонија пред четири години, а главна причина за моето заминување од земјата беше подобра перспектива за себе и да го завршам образованието на универзитет каде квалитетот е многу висок“, вели Ќендреса.

Таа истакна дека образованието во Велика Британија, спротивно на тоа што го видела во Северна Македонија, се заснова на знаење и способност на поединецот, а според неа, тоа го нема кај нас.

„Апсолутно, образованието во странска земја ви дава многу предности, тука не се прават разлики врз основа на религијата или расата, туку се цени знаењето и способноста на личноста. Тука нема корупција, додека за жал сите овие појави се случуваат во Северна Македонија; секогаш приоритет имаат побогатите, а по нив доаѓаат оние што се навистина способни“, вели Ќендреса.

Таа додава дека никогаш не би заминала од Македонија ако тука имаше услови за квалитетно образование, и жали што била „принудена“ да ја напушти земја.

„Во Северна Македонија не постојат добри појави кои ги спомнав претходно, да се цени знаењето и способноста на секој од нас студентите, ние би ја одбрале нашата земја за студирање, не заборавајте дека најлошото таму е што ние како Албанци сме и дискриминирани така што има многу фактори“, додаде Ќендреса.

Во меѓувреме, студентката која веќе четири години живее вон границите на Македонија зборуваше со голем копнеж кон родниот крај, рече дека тоа не се споредува со ниту една друга земја во светот. Поради тоа, сè уште не одлучила дали ќе продолжи да живее и по студиите во Велика Британија или ќе се врати дома.

Инаку, студенти од Македонија студираат во многу земји низ светот, претежно во Турција, Бугарија и Словенија. Според извештајот на УНЕСКО, студентите кои заминале не сакаат да се вратат во татковината и тоа е на штета на државата, бидејќи државата платила за овие студенти наставници и професори да учат, им обезбедила книги, наставни средства, греење, облека и сè што е потребно за една образовна средина, додека државата каде што отишле да студираат, ги прифатила како обучен кадар до одреден степен и каде што, по дипломирањето, се во можност да работат за држава кој не инвестирала во нив.

Можеби една од причините за заминување, според она што го истраживме, е недостатокот на квалитетно образование. Ова го докажа и нашето истражување, каде што студентите без учење купуваат теми на диплома и магистерски студии – на тој начин тие утре имаат дипломи еквивалентни на кадрите кои го завршиле образованието со знаење. Според нашата анализа, над 13.413 реклами за продажба и набавка на магистерски и дипломски тези во моментов се активни на една од страниците што се занимаваат со трговија во Северна Македонија, цените се движат во зависност од побарувачката, и тоа до 500 евра, а ако имате среќа, магистер на науки можете да станете за само 150 евра.

Државата „спие“ во врска со овој феномен. Ниту еден од илјадниците огласи не го привлече вниманието на инспекторите за образование во земјата. Ова не е регулирано со позитивните закони во земјата, додека граѓанското општество и експертите од образованието предупредуваат дека ваквата состојба може да доведе до тотална деградација на образованието во земјата.