fbpx

Младите да се ангажираат за создавање на силно граѓанско општество – Форум за граѓанско општество во Западен Балкан и Турција

-

„Западниот Балкан останува приоритет за ЕУ, а ЕУ останува целосно ангажирана во унапредувањето на процесот на пристапување во ЕУ. Посебен фокус треба да се стави на ангажирање на помладата генерација во работата, за да им се овозможи да го направат регионот привлечно место за живеење, водење бизнис и остварување на нивните амбиции“, истакна Микела Матуела, вршител на должноста Директор на Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG-NEAR) во Европската комисија на вчерашниот Форум за граѓанско општество на Европската Унија за Западен Балкан и Турција што се одржа во рамки на проектот ЕУ ТАКСО 3.

Таа додаде дека сите вклучени чинители треба да работат со заедничка визија за тоа како може да се оптимизира улогата на граѓанското општество.

На форумот беа промовирани и ревидираните „Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година“, што ја трасираат целта за помош на ЕУ за граѓанското општество, обезбедуваат алатка за владите да ја подобрат соработката со граѓанското општество и даваат индикатори за мерење на напредокот кон исполнување на условите за интеграција во Европската Унија.

Раководителот на одделението за регионални програми за Западен Балкан, во GD NEAR при Европската комисија, Холгер Шредер рече дека на регионот на проширување и на процесот на интеграција во ЕУ им треба силно и енергично граѓанско општество за да придонесе за неопходните реформи, да помогне во вклучувањето на граѓаните и да ја поддржи економската, социјалната и политичката трансформација на регионот.

На ова се надоврза вицепремиерот за европски прашања, г-дин Бојан Маричиќ кој рече дека силно и развиено граѓанско општество во никој случај не треба да се смета за закана за која било влада, туку треба да се прифати како додадена вредност за развој на демократските процеси во земјата.

„Верувам дека ревидираните Насоки за поддршка на ЕУ за граѓанското општество во регионот на проширување 2021-2027 година, обезбедуваат солидна основа за тоа како сите граѓани, владата и јавните институции можат дополнително да го зајакнат тоа партнерство и да воспостават структурен дијалог за сите заедно да работиме во интерес на граѓаните“, посочи Маричиќ.

Во периодот од 2014 до 2020 година, Унијата обезбеди околу 330 милиони евра поддршка за граѓанското општество, а насоките се една алатка која ѝ помага на ЕУ да го процени влијанието на оваа поддршка.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

НБО вели дека поскапеното автоосигурување е реално, Битиќи бара повлекување на одлуката

Порастот на цената на полисата на задолжителното автоосигурување се должи на континуираниот раст на цените на реосигурувањето, автомобилите, резервните делови и на порастот на платите и постојаната голема инфлациона...