fbpx

МИОА и ВМРО-ДПМНЕ: Манипулациите на Кирацовски ги поминаа сите граници

-

Од Министерството за информатичко општество и администрација реагираат на прес-конференцијата на дополнителниот заменик министер Алексндар Кирацовски. Оттаму велат дека Кирацовски изнесува манипулации кои „ги поминале сите граници“.

– Несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето што ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно, си ја извршуваат својата работа -наведуваат од МИОА.

Од Министерството велат дека ДИК со допис со назнака „итно“ побарале да се обезбеди асистенција од вработени во Министерството за информатичко општество и администрација со искуство во пренос на податоци од пополнетите прашалници, во апликација подготвена за таа намена.

„Во дописот може да се види дека со големи букви е назначено дека овие лица треба веднаш да бидат ангажирани, односно веднаш да бидат упатени во подрачните единици на Државната изборна комисија. Од страна на службениците во Министерството кои работат во писарницата, веднаш е направен обид да се изврши достава на дописот до кабинетите на министерот, дополнителниот заменик министер и до државниот секретар, меѓутоа во тој момент ниту Кирацовски ниту луѓето од неговиот кабинет не биле на работа. Од тие причини, веднаш потоа дописот електронски е доставен до кабинетот на Кирацовски, на службена електронска адреса, за што има и соодветен доказ, со што и самиот Кирацовски бил благовремено запознаен со содржината на барањето“, се вели во реакцијата.

На прес-конференцијата реагираа и од владејачката партија. Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека како што наближуваат изборите, така се зголемува и паниката меѓу, како што пишува во соопштението на владејачката партија, криминалната банда од СДСМ.

„Ова не е ништо друго освен уште еден обид за креирање алиби за катастрофалниот пораз кој неминовно им престои. Илјадниците граѓани кои СДСМ ги прогласи за фантоми излегоа дека се граѓани на Македонија, со долгогодишна адреса, со име, со презиме, со достоинство. За ваквиот обид СДСМ да ги навредува и да ги исмејува сопствените граѓани, скапо ќе плати“, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...