fbpx

Министерката Петровска не го напуштила уличното куче што ја избра за сопственик – ќе го чува дома и на работа

Женското кученце, кое сега има име - Стела, е веќе вакцинирано и прегледано од ветеринар, а ќе живее и кај Петровска, но поради нејзините обврски и во Министерството за одбрана

-

Фотографиите од министерката за одбрана Славјанка Петровска, како држи мало бездомно куче вчера масовно се споделуваа на социјалните мрежи. Стануваше збор за настан во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје, кога говор имаше министерката за одбрана, а малото улично кученце се качи на бината.

Кученцето дефилирало и за време на честитањето на новите потпоручници и офицери во Армијата, по што министерката Петровска го зеде в раце и кажа дека ќе го вдоми.

Сепак, вечерта на социјалните мрежи беше објавено кутре кое наликува на истото, најдено во зграда во Аеродром, по што наголемо почнаа да се шират шпекулации дека министерката хуманиот чин го направила за да собере политички поени, а потоа кученцето го испуштила. Следуваа многу навреди и осуди за наводната постапка на Петровска.

Принтскрин, Фејсбук страна за вдомување миленичиња

Мета.мк денеска контактираше со Петровска, која ни изјави дека не станува збор за истото куче и дека тоа што го нашла, ќе биде нејзин нов миленик. Женското кученце, кое сега има име – Стела, е веќе вакцинирано и прегледано од ветеринар, а ќе живее и кај Петровска, но поради нејзините обврски и во Министерството за одбрана. Таа ни испрати и денешни фотографии со новиот миленик.

Фото: Лична архива на министерката за одбрана

„Додека траеше настанот, го здогледав кученцето како се вртка околу построените кадети. Баш беше слатко и си помислив, ако се качи на бина, ќе си го земам. Кога почнав јас да држам говор, кученцето се качи на бина и го засени настанот. Веќе знаев дека ќе си го земам, а подоцна откако ветеринар кажа дека е девојче, решив да си ја викам Стела, оти беше вистинска ѕвезда на настанот“, раскажува Петровска.

Од обезбедувањето се качиле да го тргнат кученцето, па потоа го зеле и луѓето од протокол.

„Ми рекоа, не се секирајте министерке, го тргнавме, на сигурно е. Но јас им реков да ми го вратат бидејќи сакам да си го вдомам. Стела е однесена е на ветеринар, вакцинирана е и прочистена од глисти. Си ја чував денеска во канцеларија, си трчкаше наоколу. Планирам да ја чувам и овде и дома. Утре да одам на одмор, па деновиве ќе остане во Министерството за одбрана и за неа ќе се грижат колегите“, ни раскажува Петровска и додава дека не ѝ е првпат да чува кучиња кои ги нашла на улица. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Вучиќ кон Пикси откако автобусот се заглави во песок: „Тешки сме Драгане“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека е договорено финалето на Лигата на Европа на УЕФА во 2028 година да се игра на Националниот стадион во Сурчин. Вучиќ на...