понеделник, 20 април, 2026
Meta.mk

Ознака: куче | 34 резултати

Полициско куче угинало откако полицаец го оставил во кола на пеколни температури

јули 23, 2024

Полициски службеник на работно место водич на службено куче, заработи кривична пријава поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „убивање и мачење на животни“, соопшти МВР. Тој на 12.06.2024 година од 10.00 до 12.30 часот на подрачјето на Центар во Скопје, по завршување на работните задачи со службеното куче, согласно наредба за вршење […]

Пожарникари кои го гаснеа пожарот на Серта, спасија куче од огнената стихија

јули 21, 2024

Работат по 12 часови во денот, борејќи се со пожарите кои ја зафатија планината Серта, а притоа успеваат и да направат хумани дела кои уште повеќе ја враќаат довербата кај граѓаните дека сепак постојат луѓе кои се грижат за сето она што природата го создала. Таков е случајот со пожарникарите од ТППЕ Штип, кои успеаја […]

Бездомното куче Чопер повторно е кај газдите и утре ќе патува за Германија

април 12, 2024

Неколку часа траеше патешествието додека кучето Чопер, по кое македонските граѓани трагаа со денови, а кое повторно се најде во рацете на неговите сопственици кои се со потекло од Виетнам, а со привремен престој во Скопје. Тие утре, в сабота, заедно со бездомното куче од скопските улици, ќе отпатуваат за Германија. По објавувањето на сторијата […]

Скопје во потрага по изгубеното куче Чопер, има уште два дена да патува за Германија

април 11, 2024

На социјалните мрежи масовно се споделуваат фотографии од изгубеното куче Чопер, откако видео креаторот и јутјубер Филип Ву со потекло од Виетнам, објави вирално видео на социјалните мрежи. Граѓаните го бараат Чопер, бидејќи кучето има можност од само уште два дена да замине во Германија, каде што ќе оди Филип. Тој планирал да си го […]

Кучето Боби ја изгуби титулата „најстаро куче на светот“, по истрага на Гинисовата книга на рекорди

февруари 23, 2024

На кучето Боби, кое почина минатата година, наводно на 31-годишна возраст, му е одземена титулата за најстаро куче на светот, по истрагата на Гинисовата книга на рекорди. Ова го соопштија вчера од организацијата, а пренесува Си-ен-ен. Боби беше познат како најстаро куче на светот пред привремено да ја загуби титулата во јануари во очекување на […]

Гинисовата книга на рекорди отвори истрага за „најстарото куче на светот“

јануари 17, 2024

Титулата „најстаро куче на светот“ која минатата година ја доби португалското куче по име Боби, сега е доведена во прашање, откако некои ветеринари се посомневаа во доказите за неговата возраст, пренесува Би-би-си. Боби се најде на насловните страници минатата година кога од Гинисовата книга на рекорди беше крунисано за најстаро куче на светот досега, соборувајќи […]

Условна казна доби трујач на животни кој расфрлил отров на јавна површина

ноември 30, 2023

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Предлог за издавање казнен налог против 32-годишен жител на селото Глишиќ, обвинет за предизвикување општа опасност и за мачење животни, според одредбите на Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, тој на 9 ноември, исекол неколку парчиња салама, ги напрскал со токсичен препарат за прскање винова лоза, ги ставил во ќеси […]

Чендлер – кучето кое беше оставено врзано да умре на врвот од напуштена фабрика, доби шанса за нов живот

ноември 2, 2023

Среќен, весел и разигран. Вака сега изгледа германскиот овчар кој пред два дена беше оставен да умре, без храна и без вода, заврзан на врвот од напуштена фабрика во Скопје. Вработените во ЈП „Лајка“ кои го презедоа напуштеното куче, го нарекле Чендлер, во спомен на Метју Пери од серијата „Пријатели“, кој беше пронајден мртов во […]

Се вдоми Сики, кучето кое беше оставено во парк за миленици со ветеринарната книшка

октомври 16, 2023

Кучето Сики, кое пред десетина дена несовесни сопственици го имаа оставено во парк за миленици, заедно со неговата ветеринарна книшка, си најде нов дом. Од ЈП „Лајка“, каде што Сики беше сместен во последниве денови откако беше напуштен, соопштија дека среќата сепак му се насмевнала. „Сики, кучето кое беше напуштено на светскиот ден на животните […]

Битолчанец заврши во притвор: Пукал во куче па погодил такси возило

август 25, 2023

Битолчанец во населбата Горно Оризари, стрелајќи во куче со пушка  погодил и оштетил такси возило, кое било паркирано додека такситот чекал патници. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), вчера таксистот слушнал истрел, а потоа видел дека куршумот завршил во неговиот автомобил, а тој за среќа минал без повреди. Случајот го пријавил во полиција. […]

Лида: Изработив скулптура од кучето Медена оти сме слични – одбиваме тешкотиите да нè огорчат

август 18, 2023

Изминативе неколку дена Струга повторно е во центарот на вниманието меѓу активистите за заштита на уличните кучиња. Но, овој пат не поради тоа што некој пука во нив или ги труе, туку затоа што светски познатата уметница Лида Шерафатманд, која веќе неколку години живее во Струга, изработи скулптура за бездомната кучка Медена, која ги обожава […]

Министерката Петровска не го напуштила уличното куче што ја избра за сопственик – ќе го чува дома и на работа

август 1, 2023

Фотографиите од министерката за одбрана Славјанка Петровска, како држи мало бездомно куче вчера масовно се споделуваа на социјалните мрежи. Стануваше збор за настан во Воената академија „Генерал Михаило Апостолски” во Скопје, кога говор имаше министерката за одбрана, а малото улично кученце се качи на бината. Кученцето дефилирало и за време на честитањето на новите потпоручници […]

Приведен е маж кој влечел куче со автомобил на грчкиот остров Закинтос

јуни 29, 2023

Седумдесет и петгодишен маж е уапсен вчеравечер на островот Закинтос, во областа Гаитани, бидејќи влечел куче зад своето возило, пренесува Екатимерини. Возач од друг автомобил го снимил моментот кога кучето, врзано за куката за автомобилот, кое се влече и се бори да се ослободи. Во видеото, тој му кажува на човекот да го запре автомобилот, […]

Домашно куче „бул мастиф“ усмрти дете, во Градска болница донесено без знаци на живот

април 12, 2023

Домашно куче од расата „англиски бул мастиф“ вчера усмрти осумгодишно дете, откако поради тешките повреди искрварило до смрт, потврди Министерството за внатрешни работи (МВР). Трагедијата се случила во населбата Пинтија, Кисела Вода. Неофицијално, станува збор за раса „англиски бул мастиф“. Како што објавува МВР, вчера, во 18:25 часот, од градската општа болница „Св. Наум Охридски“ […]

Полицијата го најде насилникот што тепаше куче со гумено црево

февруари 3, 2023

Откако Здруженето за заштита на животни „Анима мунди“ објави видео на кое се гледа како човек тепа куче со гумено црево, Министерството за внатрешни работи информирше дека насилникот е идентификуван. Според полицијата, станува збор за С.Т. од с.Ораовица. Со него е извршен службен разговор при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе […]

Уапсен тинејџер од Шишево: Фрлил куче од мост, па се фалел на интернет

декември 17, 2021

Полицијата на граничниот премин Табановце го уапси О.К.(18) од с. Шишево, општина Сарај, затоа што при пасошка контрола било констатирано дека за него бил распишан централен распис од ЕВР Ѓорче Петров поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „мачење животни“ по член 233 од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Тинејџерот бил […]

„Синот“ на Марија Шерифовиќ лови кликови

јануари 17, 2020

Босанскиот сервис за проверка на фактите и борба против дезинформациите „Raskrinkavanje.ba“ разоткри еден тренд на некои сајтови, кои лажат во насловите за да привлечат читаност, притоа користејќи го името на српската пејачка Марија Шерифовиќ. Станува збор за наслови за некаков „син“ на Шерифовиќ, иако е познато дека таа нема син. Целата приказна почнува уште во […]

Сликата со кучето за земјотресот е стара не е од Албанија

ноември 27, 2019

Медиумите во Македонија со сензационализам известија за земјотресот во Албанија. Најочигледен случај беше оној со фотката со кучето, што се покажа како лажна. BASHKE.TV:„Фотографија која ги расплака сите, кучето не се тргнува од телото на сопственикот кој се наоѓа под урнатините“. Најсензационалистичко беше известувањето на порталот на политичката партија  Демократската унија за интеграција, кој фотката со кучето ја опиша како […]

Пијан прилепчанец избоил куче со црвена боја за чевли

февруари 10, 2018

Прилепската полиција поднела известување против М. М. (56) од Прилеп поради кривично дело мачење животни. Според соопштението од МВР, во средата околу 11 часот, на плоштадот Методија Андонов – Ченто во Прилеп, пријавениот кој бил во пијана состојба дошол со куче, кое потоа го избоил со црвена боја за чевли. Случајот в полиција го пријавил […]

Шарпланинец воден на синџир каснал дете во Неготино

јануари 3, 2018

Шарпланинец воден на синџир од неговиот сопственик, каснал дете за рака во Неготино, соопшти полицијата. Инцидентот се случил вчера околу 14 часот на местото викано Антена. Кога кучето дошло до група деца што си играле, каснало за левата рака едно десетгодишно дете. Детето потоа добило медицинска помош во најблиската здравствена ординација.

Страна 1 од 2