Министерката Божиновска дел од приказна за производство на еко хулахопки

Министерката, која во јавноста е претставена како експерт за енергетикам, вели дека таа само им помагала на пријатели во Македонија за бизнисот. Но, во интервју со чешко списание од минатата година, таа зборува за идејата за брендот како нејзина

-

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска била инволвирана со чешки бренд за еко хулахопки наречен „Божици“, открива Радио Слободна Европа (РСЕ). 

Таа тврди дека само понудила консултантски услуги и совети на пријатели од Македонија кои го започнале бизнисот. Но, во интервју со чешкиот „Репортер“, таа е претставена како изумител на брендот и општирно зборува за како стигнала до идејата за брендот и неговото име.

На анкетниот лист може да се најде „Sustainable services s.r.o“, која врши консултантски услуги. Таа фирма нема допирна точка со енергетиката и покрај тоа што во нејзината биографија стои дека таа била „независен енергетски консултант во областа на енергетски проекти и инвестиции, проекти за соларни централи, работела на проекти за обновливи извори на енергија и дека основала фирми во Централно источна Европа и Западен Балкан“. Никаде не е споменато никаква поврзаност ни со модната индустрија.

Потоа, нецели две недели пред да ја пријави компанијата во Државната комисија за спречување на корупцијата, Божиновска се повлекла од управител на компанијата, открива РСЕ. Дополнително, фирмата го добива сегашното име, кое во превод значи „Одржливи услуги“. Претходно се викала „SBMK reality, spol. s.r.o“.

Иако Божиновска тврди дека нема директно поврзаност со „Божици“, контактната адреса на фирмата за еко хулахопки е истата како таа на „Sustainable services s.r.o“.

Дополнително, во интервју од 30 октомври 2023 со Божиновска за чешкиот „Репортер“, таа е претставена како изумителот на еко хулахопките.

„Хулахопките се елегантна работа, но и извор на фрустрација за многу жени. По две-три носења, хулахопките завршуваат во ѓубре. Што е исто така нееколошки, бидејќи на обичните хулахопки им требаат сто години за да се разградат. Сето ова сакаше да го промени Сања Божиновска. И измислила хулахопки, трајни хулахопки од разградлив материјал, кои исто така не ја чешаат кожата“, пишува чешкиот „Репортер“.

Во интервјуто, Божиновска детално раскажува како започнала идејата за брендот. Сепак, таа сега тврди дека немала директен удел во фирмата.

„Мои пријатели имаа идеја за ширење на бизнисот од Македонија и сакав да помогнам во нивната намера преку мојата компанија во Чешка бидејќи сум поборник за еколошки органски и биоразградливи продукти. Македонски производ преку Чешка да стигне во Европа. Помошта се однесуваше на помагање на бизнисот оваа година со поставување на интернет страница за продажба и промовирање на брендот. Од наредната година веќе самите ја продолжуваат оваа приказна“, рекла Божиновска во одговор до РСЕ.

Но, таа не ја именува македонската фирма која произведува еко хулахопки, ниту пак кој е нејзиниот сопственик.

Дополнително, РСЕ најде фотографија на чешкиот веб-сајт на „Божици“ (Bozonky.cz), на која може да се види самата Божиновска како ги промовира хулахопките на штанд на настан во Чешка.

Фото: Принтскрин од веб-страницата за брендот „Божици“, bozonky.cz

„Најголемиот и најпосетуван викенд настан во Чешка, каде не само што можете да ги видите делата и дизајнот на авторот, туку и да го купите. Ова е изборно продажно шоу и ‘Божици’ беа дел од пазарот на 12 и 13 декември 2021 година“, стои во описот на фотографијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...