fbpx

Мицкоски: Ова не е финална победа туку чекор кон сигурна и интегрирана победа

-

„Ова е победа на младите, старите, жените, атеистите, муслиманите, уметниците, лекарите и буквално на сите. Победи народот“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на прес-конференција во „белата палата“ прогласувајќи победа на локалните избори.

Според него, ова не е, како што рече, финалната победа, туку „чекор кон сигурна и интегрирана победа“ рече Мицкоски пред бројните поддржувачи во седиштето на партијата.

Тој реше дека ВМРО-ДПМНЕ води во Македонски Брод и во повеќето од општините каде што оваа партија имаше кандидат.

„Во Аеродром имаме огромна разлика, тука нема ни да има втор круг. Во Кисела Вода водиме 2:1, имаме убедливо водство и може да победиме во првиот круг. Во Сопиште победивме во првиот круг, во Центар и Карпош ќе има втор круг, Бутел победивме, во Гази Баба ја завршивме работата во првиот круг, во Ѓорче Петров имаме убедливо водство, Пехчево втор круг, Виница освоивме во прв круг, Кочани одиме во втор круг, победивме во Петровец, во Илинден исто така победивме, Свети Николе и Карбинци исто така во прв круг имаме победник. Велес исто така имаме наш градоначалник. Во Битола разликата е многу мала“, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ набројувајќи ги изборните резултати.

Тој на присутните им порача дека вечерва не треба да слават, туку да се подготват за да продолжат да работат од утре.

„Од утре на работа за народот“, рече Мицкоски и ги повика приврзаниците на партијата и оние гласачи кои размислуваат за кого да гласаат во вториот круг да се обединат и да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...