fbpx

Николовски: Локалните избори имаат втор круг, затоа кочи Мицко

-

ВМРО-ДПМНЕ се обидува да креира лажна еуфорија, изјави генералниот секретар и шеф на изборниот штаб на СДСМ, Љупчо Николовски вечерва на прес-конференција. Според него, СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници на локалните избори и ќе победи.

Николовски, исто така, посочи дека кандидатот на СДСМ, „Петре Шилегов ќе биде новиот градоначалник на Скопје бидејќи води пред Данела Арсовска“.

„Ова не е арена за навивање, ова е натпревар за подобар живот на граѓаните. Кочи Мицко! Најдоброто за мојата општина ќе ги добијат овие избори. Северна Македонија не може никој да ја кочи и одиме напред. СДСМ ќе добие најголем број на градоначалници. СДСМ ќе победи во Град Скопје, ВМРО-ДПМНЕ е поразено во Град Скопје“, рече Николовски на вечерашната прес-конференција нешто пред 11 часот.

„Локалните избори секогаш имаат и втор круг, затоа Кочи Мицко!“, рече Николовски.

Тој нагласи дека СДСМ води во најмалку 25 општини на денешните локални избори, меѓу кои во Скопје, Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Богданци, Карпош, Центар, Пробиштип, Шуто Оризари, Македонска Каменица, Чашка, Росоман, Ново Село, Старо Нагоричане, Лозово, а пред ВМРО-ДПМНЕ е и во други општини како Куманово, Долнени, Дебарца, Струга и на други места.

„Во Битола разликата е околу 1.000 гласови и ќе се оди на втор круг“, појасни Николовски и додаде дека и во Штип според резултатот кој СДСМ го има до овој момент ќе има втор круг.

Николовски нагласи дека СДСМ на крај ќе освои повеќе градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ затоа што има поголем коалициски потенцијал и има многу општини каде ВМРО воопшто нема кандидат.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК: Jавен увид и промени во избирачкиот список може да се прават до вечерва на полноќ

Апелираме до граѓаните дека јавниот увид во Избирачкиот список како и промена, запишување и бришење на податоци ќе може да се направи уште денес, 18 март, до 24 часот, соопшти...