fbpx

Мемети: Од 38 полициски станици, 28 треба да се затворат

-

Во Република Македонија има 38 полициски станици, од кои 10 ги исполнуваат минималните европски стандарди, а другите 28 препорачуваме да се затворат или да се користат само за краткотраен престој, изјави народниот правобранител, Иџет Мемети, на денешната прес-конференција, на која го објави извештајот за националниот превентивен механизам за 2014 година.

– Овие состојби му ги презентирав и на министерот за внатрешни работи, кој изрази подготвеност да ја измени сегашната поставеност на полициските станици и задржувањето на лицата лишени од слобода да се спроведува само во оние станици во кои се исполнети меѓународните и домашните стандарди – рече Мемети.

Според Мемети, состојбата во полициските станици е многу лоша, а Министерството за внатрешни работи, иако подготвило акционен план за санирање на состојбите, засега ништо не спроведе, пренесува „24 Вести“.

При посетата на полициските станици, екипи на Народниот правобранител, забележале дека полицијата приведува и деца по 14-годишна возраст, што е спротивно на законските прописи.

Мемети предупреди и на влошувањето на состојбите во затворите и во психијатриските болници, каде имало оддели во кои условите биле под стандардите, а Министерството за здравство ниту еднаш не одговорило на препораките од омбудсманот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...