fbpx

Промовирана новата национална стратегија за безбедност во сообраќајот

-

Во првите шест месеци од 2015 година, во сообраќајни несреќи загинале 52 лица, што е за 19 помалку во однос на истиот период лани кога таа бројка изнесувала 71 лице. Бројот на повредени лица, заклучно со мај годинава, изнесува 2093, а таа бројка во истиот период лани изнесувала 2687 лица.

Овие статистички податоци ги изнесе министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, во своето обраќање на денешната промоција на Втората национална стратегија на Република Македонија за унапредување на безбедност на сообраќајот 2015-2020, што се одржа во скопскиот хотел „Александар палас“.

– Ова говори дека сме на добар пат, задржувајќи го трендот на намалување, кога правиме споредба со состојбите во 2014 година, во која имавме историски најмал број загинати и повредени лица во сообраќајните незгоди во Македонија. Министерството во рамките на своите надлежности ќе продолжи со зголемени активности во делот на контрола на сообраќајот на патиштата, преку акциските контроли, за зголемено присуство на сообраќајната полиција на критичните делници и на места каде се случуваат сообраќајни незгоди, преку преземање казнени мерки кон прекршителите, а во рамките на препораките од Стратегијата и својот акционен план – нагласи министерот Чавков. .

За заложбите, на претставници на институциите и на учесници во стратегијата, денеска им беа доделени благодареници, а меѓу нив беше и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, што е нејзино прво појавување во јавноста по оставката од функцијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

По вторпат транспортирано лице со мозочен удар од Унгарија со полициски хеликоптер

Лице со мозочен удар денеска беше превезено од Уггарија во земјава со полициски хеликоптер на МВР, опремен со потребна медицинска опрема за таков лет. Ова е вторпат да се...