„Медена земја“ е најдобар филм за 2019 година според „Њујорк тајмс“

Режисерите на „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се најдоа заедно со најпрестижни режисери како Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино и Грета Гервиг и тоа на првото место на листата.

„Започнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од епична алегорија за животната средина во реалноста, и не помалку, жестока комедија за вечниот проблем сo невнимателните соседи“, се вели во текстот на „Њујорк тајмс“.