недела, 10 мај, 2026
Meta.mk

Ознака: Медена земја | 17 резултати

„Медена земја“ не доби Оскар, во нејзините категории победија „Паразит“ и „Американска фабрика“

февруари 10, 2020

Јужнокорејскиот филм „Паразит“ е добитник на Оскар за најдобар филм, но и најдобар странски филм кој беше во категоријата со „Медена земја“. Во категоријата за најдобар документарец, во која беше номинирана и „Медена земја“, победи „Американска фабрика“. „Паразит“ влезе во историјата на доделувањето на Оскарите, бидејќи за прв пат филм од неанглиско говорно подрачје ја […]

Дали турската „Анадолија“ на Атиџе ѝ измисли поздрав и поддршка за Ердоган?

јануари 30, 2020

Во репортажа за Атиџе Муратова, протагонистката на „Медена земја“, објавена на веб-страницата на англиски јазик на турската новинска агенција „Анадолу“ на 23 јануари годинава, при крајот на текстот, се вели дека Муратова испратила поздрави и искажала поддршка за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, како и дека побарала да се изгради џамија во селото Дорфулија, каде […]

Филмската екипа на „Медена земја“ на ручек со Де Ниро, Ал Пачино, Бред Пит, Ди Каприо, Тарантино (галерија)

јануари 28, 2020

Режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, заедно со кинематограферите Самир Љума и Фејми Даут и продуцентот Атанас Георгиев се фотографираа со „кремот“ на светската кинематографија Роберт де Ниро, Ал Пачино, Леонардо ди Каприо, Бред Пит, Квентин Тарантино. Фотографиите се направени за време на традиционалниот ручек кој Академијата за филмска уметност и наука го организра во […]

Атиџе и семејството од „Медена земја“ ќе добијат домови, авторите на филмот државна награда

јануари 22, 2020

Владата на вчерашната редовна четврта седница, која се одржа во Штип, донесе повеќе заклучоци за оддавање достојно признание на авторите на филмот „Медена земја“, кој по серијата највисоки меѓународни филмски признанија, е номиниран за највисоката филмска награда Оскар во две категории. „Владата го задолжи Министерството за труд и социјална политика да ги преземе сите потребни […]

Дома кај Атиџе Муратова, хероината од „Медена земја“ (галерија)

јануари 21, 2020

Фоторепортерот на „Мета“ го посети домот на хероината од документарниот филм „Медена земја“, Атиџе Муратова во селото Бекирлија, Општина Лозово. Во тој живописен предел и таа куќа е снимен „Медена земја“ кој е номиниран за Оскар во две категории, најдобар документарец и странски филм. Документарецот постигна историски успех за македонската кинематографија, бидејќи за прв пат […]

Пиратите брцнаа во кошницата на „Медена земја“

јануари 15, 2020

На „Јутјуб“ се појави пиратска верзија од документарниот филм „Медена земја“, кој деновиве е главна вест кај нас и во регионот поради историскиот успех со двете номинации за Оскар. Веднаш потоа скокна бројот на пребарувања на терминот Honeyland на видеоплатформата. Дека станува збор за пиратска верзија потврдија и од „Арс ламина“ кој е комуникациски и […]

Дизајни за поддршка на „Медена земја“ на патот кон оскарите (галерија)

јануари 15, 2020

Не стивнува еуфоријата по историскиот успех на екипата на „Медена земја“, филмот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов кој е номиниран во две категории за оскарите, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. По бројните изјави, пофалби и желби за уште поголем успех на доделувањето на оскарите на 9 февруари во славеничката […]

„Медена земја“ испиша историја со две номинации за Оскар, за најдобар документарец и странски филм

јануари 13, 2020

Документарниот филм „Медена земја“ доби две номинации за Оскар, за најдобар странски филм и документарец.Ова е прв пат, македонски филм да добие две номинации за Оскар. „Атиџе и пчелите се прототип за новиот генетски материјал, кој треба да победи во битката на титаните, каде природата се бори со деструктивното. Среќни сме дека светските критичари и […]

„Медена земја“ во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм

декември 17, 2019

Документарецот „Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“, и тоа во две категории – за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Американската филмска академија вчера го соопшти потесниот избор на филмови во девет категории. Во категоријата најдобар документарец, македонскиот канидат е меѓу 15 селектирани филмови, од 159 квалификувани. Во категоријата за […]

„Медена земја“ е најдобар филм за 2019 година според „Њујорк тајмс“

декември 5, 2019

Режисерите на „Медена земја“, Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се најдоа заедно со најпрестижни режисери како Мартин Скорсезе, Квентин Тарантино и Грета Гервиг и тоа на првото место на листата. „Започнат како владино-спонзорирано информативно видео, овој документарец не е ништо помалку од епична алегорија за животната средина во реалноста, и не помалку, жестока комедија за […]

Сара Џесика Паркер го пофали „Медена земја“, а ја критикуваа зошто не додала “Северна“ во името

октомври 7, 2019

Познатата актерка Сара Џесика Паркер, најпозната по нејзината улога на Кери во серијата „Сексот и градот“, објави на својот Инстаграм профил неверојатни пофални зборови за документарецот „Honeyland“ (Медена земја) и за тимот кој стои зад него. „Медена земја е неверојатна, визуелно восхитувачка, интимна, а сепак епска приказна за пчеларката Атиџе Муратова. Жена која нема никогаш […]

Македонскиот „Медена земја“ прогласен за најдобар документарец на „Санденс“

февруари 4, 2019

Со победа во три категории, македонскиот филм „Медена земја“ („Honeyland“), во режија на Љубо Стефанов и Тамара Котевска, триумфираше во конкуренцијата за документарци од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“ („Sundance“). На церемонијата што се одржа во саботата во Парк Сити, Јута, САД , „Honeyland“ ja доби големата награда на жирито за најдобар документарен […]

Два македонски филма во конкуренција на филмскиот фестивал „Санденс“

ноември 30, 2018

Два македонски филма, едниот документарен, а другиот детски и авантуристички, ќе се натпреваруваат во соодветните категории на следното издание на филмскиот фестивал „Санденс“, кој е дефинитивно најголемиот и најпрочуениот светски настан на независната филмска продукција. Во категоријата „Долготраен документарен филм“ на фестивалот, кој ќе се одржи од 24 јануари до 3 февруари 2019 година во […]

Страна 1 од 1