fbpx

Матичните гинеколози со поголема капитација, за следење бременост ќе добиваат двојно

-

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека со одлука на Управниот одбор од 1 септември вредноста на капитациониот поен за матичните гинеколози ќе изнесува 55 денари, пет денари повеќе од досега. Се воведува и нов надомест, за следење на бременост, односно во текот на бременоста на некоја жена, гинекологот што ја следи ќе добива два капитациони поени наместо еден како во другите случаи.

Одлуката за покачување на капитациониот поен е донесена по преговорите со Здружението на приватните гинеколози акушери на Македонија (ЗПГАМ).

Донесена е и нова одлука, со цел да се намали смртноста на новороденчињата и родилките во Република Македонија. Отсега основната капитација за гинеколозите кои следат  бремена жена ќе множи со два, односно овие гинеколози во текот на најмногу 9 месеци, до породувањето, ќе добиваат двојна вредност од капитацијата.

ФЗОМ, исто така, го зголеми  финансискиот надоместок за избраните гинеколози кои вршат породување во породилиштата во здравствените домови во местата каде нема гинеколошко-акушерски одделенија во  болничките здравствени установи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Контраспин: Силјановска не ги седна пензионерите во ложата на „Мапет шоу“

Контекстот во кој претседателската кандидатка на ВМРО-ДПМНЕ ја кажа репликата за „Мапет Шоу“, беше сосема поинаков од оној што го претстави СДСМ. Самата реплика воопшто не се однесуваше на...