вторник, 21 април, 2026
Meta.mk

Ознака: бременост | 22 резултати

Не е точно дека Британија „тивко“ ја отстранува ковид вакцината за бремени жени

септември 15, 2022

Велика Британија ги нема променето упатствата за користење на ковид вакцината за бремени жени. Корисниците на социјалните мрежи погрешно го интерпретираат делот од извештајот за вакцината на Фајзер кој што беше објавен кон крајот на 2020 година од Британската регулаторна агенција како дел од иницијалниот процес за одобрување на оваа вакцина. Агенцијата потврди за проверувачи […]

С. Македонија има полиберален Закон за прекин на бременост од некои земји-членки на ЕУ [инфографик]

јули 9, 2022

Минатонеделната одлука на Врховниот Суд во Соединетите Американски Држави да го поништи 50 години стариот закон „Ро наспроти Вејд“ со што го одзема легалното право на абортус на жените во САД го стресе светското тло предизвикувајќи големи протести низ целиот свет. Поништувањето на „Ро наспроти Вејд“ дава право на секоја држава во САД одделно да […]

Вистиномер: Сатиричен пост – од ковид вакцина не може да се забремени

октомври 9, 2021

Во продолжение ја пренесуваме анализата на „Вистиномер“ на еден сатиричен пост на Фејсбук: Рецензираме пост на Фејсбук во којшто е изнесен сатиричен коментар, но поради природата на антивакциналните наративи и кампањата за девалвација на вакцинацијата, можно е некои граѓани да го сфатaт овој пост како вистинит. Од оваа причина и образложуваме дека станува збор за […]

Медикаментозниот абортус да биде широко достапен низ државата, бараат од Платформа за родова еднаквост

септември 28, 2021

Две години по донесувањето на новиот закон за прекинување на бременоста, Македонија најпосле се вбројува меѓу земјите кои ја препознаваат важноста на медикаментозниот абортус како дел од грижата за женското репродуктивно здравје, велат од Платформата за родова еднаквост. Ова е значаен чекор напред кон обезбедувањето на квалитетна абортусна грижа заради што секоја година во светот […]

Хелсиншки комитет: Работодавач не смее да отпушти бремена жена од работа

февруари 28, 2020

Бремена работничка побарала правна помош од Хелсиншкиот комитет, бидејќи работодавачот незаконски и го прекинал работниот однос додека користела боледување, информираат од таму. Станува збор за работничка на која непосредно откако го информирала работодавачот дека е бремена ѝ бил откажан договорот за вработување. Работодавачот ѝ го врачил отказот на работничката додека таа била на боледување, со […]

Собранието го донесе Законот за прекинување на бременоста

март 14, 2019

На денешната собраниска седница е изгласан и донесен Законот за прекинување на бременоста, со кој се овозможува жената да го оствари правото за безбеден прекин на бременоста и укинување на постојните административни процедури-бариери, кои го одолжуваа спроведувањето на постапката за прекин на бременоста, информираат од Министерство за здравство. „Одлуката за прекин на бременоста како посебна […]

Филипче: Намаленa e смртноста на новороденчињата

март 8, 2019

Кога станува збор за здравјето на мајките и бебињата, нема компромиси, мора да сториме се да ги подобриме условите и да ја намалиме смртноста, рече денеска премиерот Зоран Заев на настан на кој што беа презентирани резултатите од проектот за намалување на смртноста кај мајките и новороденчињата. „Една година подоцна, можам слободно да кажам дека […]

Прекин на бременоста до 22 гестациска недела, предлага Владата со новиот закон

јануари 30, 2019

Владата на вчерашната 117. седница го прифатила предлог – законот за прекинување на бременоста, подготвен од Министерството за здравство. Од Влада информираат дека со новиот предлог-закон жените веќе нема да имаат потреба да чекаат три дена по советувањето за да биде спроведена интервенцијата, нема да бидат принудени да објаснуваат зошто сакаат да ја прекинат бременоста […]

Матичните гинеколози со поголема капитација, за следење бременост ќе добиваат двојно

август 1, 2018

Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) соопшти дека со одлука на Управниот одбор од 1 септември вредноста на капитациониот поен за матичните гинеколози ќе изнесува 55 денари, пет денари повеќе од досега. Се воведува и нов надомест, за следење на бременост, односно во текот на бременоста на некоја жена, гинекологот што ја следи ќе […]

Судот одлучи на Јанкулоска да и се суди одвоено за „Тенк“

април 18, 2018

Судот ја одвои постапката за екс министерката за внатрешни, Гордана Јанкулоска, за случајот на СЈО „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес од 600 илјади евра. Таа денеска не дојде на закажаното рочиште, а нејзините адвокати доставија боледување од приватна болница за отворено боледување поради ризична бременост. СЈО предложи неа да и се суди посебно на […]

Јанкулоска не дојде на судењето за „Тенк“, достави документација за ризична бременост

април 18, 2018

Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска не дојде на судењето за случајот „Тенк“ односно за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“. Нејзината одбрана го оправда нејзиното отсуство со лекарска потврда за ризична бременост, објави „Телевизија 24“. По увидот во лекарското уверение од страна на СЈО, специјалните обвинители побараа раздвојување на постапката за Јанкулоска, односно […]

За смртта на трите бебиња, Комисијата утврдила дека биле запазени медицинските протоколи

август 31, 2017

Министерството за здравство информира дека Комисијата за стручен надзор донела заклучоци во врска со трите починати новороденчиња на Клиниката за гинекологија и акушерство. „Комисијата констатира дека се работи за високоризична, повеќеплодна бременост, проследена со гестациски дијабетес зависен од инсулин, хипертензија и инфект кај мајката, што довело до предвремено раѓање на новороденчиња со ниска гестациска возраст […]

Две штипјанки ги загубиле работните места бидејќи останале бремени

февруари 23, 2017

На две штипјанки не им биле продолжени договорите за работа, бидејќи останале бремени. Тие случаите ги пријавиле во Комисијата за заштита од дискриминација при Општината Штип, но тоа не ги спасило од статусот невработени мајки. Ова како податок го изнесе Снежана Санева од Комисијата за заштита од дискриминација, а дека отказите не добиле завршница во […]

Сите прегледи за бремените жени ќе бидат бесплатни

ноември 19, 2015

Сите гинеколошки прегледи, микробиолошки прегледи, биохемиски анализи, вклучувајќи го и самото породување, ќе бидат бесплатни за секоја бремена жена, државјанка на Македонија, без разлика дали е здравствено осигурана или не, истакна денеска министерот за здравство, Никола Тодоров, кој додаде дека оваа мерка ќе стапи на сила од почетокот на идната година. Тој посочи дека за намалување […]

Барање за ин витро и по електронски пат

април 18, 2015

Брачните двојки кои поради здравствени причини ќе треба да зачнат со ин витро, барањето за одобрување до Фондот за здравствено осигурување отсега ќе можат да го поднесат по електронски пат. Барањата ќе мора да ги пополнуваат матичните гинеколози, па затоа е важно сите осигуреници кои сакаат да го остварат ова право да одберат матичен гинеколог, апелираат […]

Почнува употребата на електронската мајчина книшка

април 17, 2015

Електронската мајчина книшка од вчера ја воведе Министерството за здравство. Податоците од книшката ќе може да ги користи матичниот гинеколог, но и сите гинеколози во породилиштата во Македонија, најави министерот за здравство, Никола Тодоров. Во прво време, како што појасни министерот, електронската мајчина книшка ќе функционира заедно со хартиената, а подоцна ќе се оди само […]

Резултати за државно ин витро се чекаат и по 13 месеци!

декември 9, 2014

Жените кои прават вештачко оплодување, кое е покриено од Фондот за здравствено осигурување, се жалат дека поминуваат низ многу тешкотии додека ги набават потребните документи. Тие велат дека некогаш им се потребни и месеци за да направат некое испитување. – Јас осум години се борам да станам родител. Додека за да се направи ин витро на своја сметка […]

МЗД: ФЗОМ да го повлече новиот предлог за породилното боледување

ноември 3, 2014

ФЗОМ да го повлече предлогот исплатата на породилното боледување да ја врши фирмата и да преземе мерки преку кои на жените ќе им го обезбеди правото на надомест поради бременост и раѓање од државата, без досегашните доцнења, бараат од Мрежата за заштита од дискриминација. Тие инсистираат, доколку предложените мерки од овој проект бидат вклучени во […]

Страна 1 од 1