fbpx

Македонија прославува 20 години од првите дипломатски односи

-

Денеска во Куршумли ан, Министерството за надворешни работи ќе приреди свеченост во соработка со амбасадите на 19 држави со кои пред 20 години се воспоставени дипломатски односи.

Две децении дипломатски односи Република Македонија одбележува со Саудиска Арабија, Романија, Молдавија, Индија, Естонија, Антигва и Барбуда, Иран, Либија, Украина, Сингапур, Казахстан, Монголија, Азребејџан, Литванија, Соединетите Американски Држави, Грција, Австралија, Израел и со Оман.

Настанот ќе го отворат министерот за надворешни работи, Никола Попоски, и амбасадорот на Романија во Македонија, Јустиниан Фошка, кои ќе се обратат во име на државите со кои се одбележува јубилејот.

„Земјите на јубилејот ќе се претстават со комплетно гурманско изненадување и ќе се обидат да ги доловат вкусовите и мирисите карактеристични за нивните земји. Македонската кујна, покрај националните јадења, ќе биде збогатена со учество на македонски компании, чии домашни производи ќе бидат претставени пред гостите, претставници од државниот врв, дипломатскиот кор и од бизнис-заедницата во земјава“, соопштија од МНР.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ДИК апелира да не им се попречува работата на новинарите за време на изборите

Државната изборна комисија (ДИК) денеска достави писмен одговор по испратената претставка од страна на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), поврзана со случајот со прекршувањата на правата на новинарката...