Мајкрософт ја претстави новата Xbox Series S гејминг конзола

За сите купувачи кои не сакаат да потрошат 500 долари за гејминг конзола, Мајкрософт официјално ја претстави Xbox Series S новата конзола, која ќе чини 300 долари.

Оваа евтина алтернатива е од Series S и просторот кој го зафаќа е 60 проценти помал од Series X конзолите. Заедничко за двете генерации е што имаат ист процесор, а разликата е во графичкиот процесор кој има послаби перформанси кај новата конзола.

Неодамна и Sony претстави поевтина верзија на PlayStation.