fbpx

„Мајки“ на Манчевски ќе се прикажува во „Линколн центар“ во Њујорк

-

Македонско-француско-бугарската копродукција, филмот „Мајки“ на најуспешниот македонски режисер Милчо Манчевски, ќе биде прикажан во прочуениот „Линколн центар“ во Њујорк следната недела. „Линколн центарот“ е дом на Њујоршкиот филмски фестивал и на „Метрополитен опера“. По проекцијата на филмот, професорката Имелда О’Рајли ќе води интервју со Манчевски, кое ќе биде вовед во разговор на авторот со њујоршката публика во „Линколн центар“.

Светската премиера на „Мајки“ беше на фестивалот во Торонто, а европската – во престижната програма „Панорама“ на Берлинале. Филмот беше и македонски кандидат за наградата „Оскар“.

„Мајки“ беше вброен меѓу 40-те најдобри филмови во Европа од страна на комисија на Европската филмска академија.

Филмот беше претставен и пред публиката на околу 40 фестивали, меѓу кои и: Сао Пауло (Бразил), Истанбул (Турција), Корк (Ирска), Мадеира (Португалија), Минск (Белорусија), Мадрид (Шпанија), Сиракјуз Њујорк (САД), Утрехт (Холандија), Приштина (Косово), Бахамските Острови, Аруба, Златна Роза во Варна (Бугарија), Варшава (Полска), Севилја (Шпанија), Лесковац (Србија), Киев (Украина), Форт Лодердејл (САД), Гоа (Индија), Керала (Индија), ФЕСТ (Белград), итн.

Меѓународното претставување на „Мајки“ не беше поддржано од Филмскиот фонд на Македонија, ниту од Министерството за култура на Македонија.

Филмот „Мајки“ е добитник на седум меѓународни награди и беше најгледан филм во Македонија.

Главните улоги ги толкуваат Ана Стојановска, Ратка Радмановиќ, Салаетин Билал, Владимир Јачев, Диме Илиев, Димитар Ѓоргиевски, Марина Поп-Панкова, Горан Трифуновски итн. Директор на фотографија е Владимир Самоиловски, дизајнер – Дејвид Манс, костимограф – Елизабета Монталдо, монтажер – Жаклина Стојчевска, композитор – Игор Василев Новоградска, а продуцент – Кристина Калас.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...