fbpx

Ле Пен: Франција е слаба пред тероризмот поради членството во ЕУ

-

Франција е „ослабена“ во соочувањето со терористичките закани поради своето членство во Европска Унија, особено зашто не може сама да ги контролира своите граници, изјави претседателката на Национален фронт, Марин ле Пен.

Соочувајќи се со „исламскиот фундаментализам“, ЕУ нè ослабнува, наметнувајќи ни отворени граници и политика на штедење поради кои во Франција на удар се капацитетите на војската, полицијата и на разузнавањето, обвини европарламентарката Ле Пен, на прес-конференција во Брисел.

– Да имавме национални граници, веројатно би можеле да ги запреме тие што дојдоа на француска територија откако се бореле со Сирија или биле на тренинзи во Јемен, што е случај со најмалку еден од фундаменталистиките терорсти убиени во последните денови – додаде Ле Пен.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Турција ја прекина трговијата со Израел поради „хуманитарната трагедија“ во Газа

Турските власти ги прекинаа трговските односи со Израел, а турското Министерство за трговија соопшти дека мерките ќе траат се додека Израел не дозволи „непрекинат проток“ на помош во Газа, пишува...