fbpx

Лавров: Можни преговори за Сирија, но со однапред постигнат консензус

-

Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е подготвена да учествува во новата рунда мировни преговори за Сирија, кои треба да ги организираат САД.

Но, како што наведе, Русија ќе учествува само ако претходно биде постигнат меѓународен консензус.

Американскиот државен секретар, Џон Кери, предложи преговорите да се одржат на 18 и на 19 декември во Њујорк

Лавров изјави дека Русија е подготовена да учествува во тие преговори, но додаде дека земјите кои се вклучени прво треба да ја усогласат листата на терористички групи во Сирија, како и листата на опозициски групи кои би можеле да бидат дел од разговорите за политичка транзиција.

Тој додаде дека времето и местото на наредната рунда преговори треба да бидат прифатливи за сите учесници.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.